Економскиот нобеловец Јозеф Стиглиц предлага: Потребна е реформа на глобалниот даночен систем за големите компании да плаќаат повеќе даноци
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Група познати економисти предводени од економскиот нобеловец Јозеф Стиглиц денес ги повикаа земјите да ги ревидираат своите даночни системи со што ќе оневозможат мултинационалните компании како Гугл и Епл да ги користат постоечките дупки со цел да плаќаат пониски даноци.

Мултинационалните корпорации работат како една и унифицираа компанија, па така и треба да бидат оданочувани. Сега е време политичките лидери да бидат храбри. Сега е време за целосно преструктуирање на глобалниот даночен систем со цел да се обезбеди секоја компанија да го плаќа нејзиниот фер удел”, вели Стиглиц.

Многу големи компании се познати по тоа што ги префрлаат нивните профити и приходи помеѓу подружниците низ целиот свет за да профитираат од ниските даноци во одредени држави, како што се Ирска и Луксембург, објаснува Стиглиц.

Според него креирање на нов глобален даночен систем е реалистичен и остварлив предлог, но мора сите држави да работат заедно за да се согласат околу правилата и да ги затворат дупките кои сега ги користат мултинационалните компании.
Групата економисти велат дека е од критично значење за се сопре конкуренцијата во намалување на даноците за се спречи трката до дното.

Тие предлагаат развиените нации треба да го направат првиот чекор во усогласувањето на минимална стапка на корпоративен данок. “Не смееме да дозволиме компаниите едноставно да купуваат наоколу и да ги избегнуваат сите даноци”, вели Стиглиц, според кого дојдено е времето за оваа идеја.

Меѓу клучните предлози на Стиглиц и групата на економисти е и оној според кој компаниите треба да плаќаат даноци според националните продажби. На пример, ако Епл прави над 35% од своите приходи во САД, тогаш данокот за овие приходи треба да го плаќа во САД.
Исто така, според Стиглиц, компаниите треба да бидат обврзани да ги распределуваат приходите од интелектуална сопственост кон земјата каде одреден патент е развиен, а не да се трансферираат кон земјите со пониски даноци.

Економистите предводени од Стиглиц исто така предлагаат интердржавно даночно тело во рамки на Обединетите Нации кое ќе се бори со нефер даночните практики.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×