ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА – СКОПЈЕ ЈА ОДБЕЛЕЖА 2018 КАКО УСПЕШНА ГОДИНА
Објавено на од во Економија

За ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје 2018 беше успешна година во која претпријатието се посвети на остварување на своите приоритети како што се обезбедување чиста, здрава и квалитетна вода за пиење на граѓаните на градот Скопје, како и подобри и поквалитетни услуги за корисниците.  

Прес конференција за сателитско снимање

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За остварување на овие цели претпријатието презема низа активности и проекти меѓу кои би ги издвоиле:

Проектот за подобрување на инфраструктурата за отпадните води во градот Скопје, со кој граѓаните ќе добијат пречистени отпадни води, што значи поздрава животна средина и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Поставување на автоматскарешетка за отпад, која директно влијае во намалувањето на загадувањето на реката Вардар и на зачувувањето на животната средина.

Првпат во Македонија беше извршено сателитско снимање и мапирање на дефекти што не се видливи со голо око, а претставуваат голема техничка загуба на вода. Според истражувањата, загубата на вода во градот Скопје е 50 отсто, загуба која се однесува на наводнување на зелените површини, чистење на улиците, јавните хидранти и чешми кои се поставени. Со ова сателитско снимање досега се откриени 237 локации на кои се работи од страна на претпријатието. Поголемиот дел од нив се веќе санирани. На овој начин ќе се намалат оперативните трошоци на јавното претпријатие и ќе се подобри водоснабдувањето на жителите на градот Скопје.

Изградена е и реконструирана водоводна мрежа во должина од 11.707 метри.

Изградена е и реконструирана фекална канализациска мрежа во должина од 12.199 метри.

Изградена е и реконструирана атмосферска канализациска мрежа во должина од 6.054 метри.

Го одбележија Светскиот ден на водата преку едукативни активности и креативни работилници со најмладите во основните училишта во сите општини на територијата на Град Скопје.

Извршена е реконструкција на старата цевка ф700 со нова цевка ф800 на ул. Христо Татарчев и бул. Србија (последна 24-ка), која го подобри квалитетот и притисокот на вода во дел од општините на Град Скопје. Старата цевка ф700 првпат е сменета од 1980 година.

Поставена е нова атмосферска канализација со должина од 410 метри и големина ф500мм по должината на бул.8 Септември, која служи за одржување на атмосферските води од новата велосипедска патека.

Започна изработката на нова водоводна и канализациска мрежа во индустриската зона Визбегово, која ќе овозможи подобри услови за работата на постојните компании и ќе привлече нови домашни и странски инвестиции.

Поставена е нова линија за водоснабдување на булеварот Србија во Кисела Вода, ф400 во должина од 450 метри, која го намали бројот на дефекти во делот и ќе го реши проблемот со високата зона во Аеродром.

Во изминатата година претпријатието санираше повеќе од 520 улични дефекти.

Нова услуга ПЛАТИ БРЗО за електронско плаќање на сметките за вода, без регистрација, со фолио број на фактурата. Плаќањето може да се изврши со кредитна или со дебитна картичка, без провизија. Оваа услуга е од големо значење за сите што живеат во странство и патуваат често или немаат време за чекање на шалтер.

Покрај активностите коишто беа спроведени од стана на ЈП Водовод и канализација – Скопје, претпријатието оствари и голем број работни средби со претставници на претпријатија од други држави, со цел да се споделат искуства и совети за заштита на водата од загадување, третирање на отпадните води и пречистителни станици но и да се подобри целокупната услуга на водоводниот систем во Скопје.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×