Југохром нема да биде ставен во употреба без доизградба на филтрите
Објавено на од во Компании
Како држава правиме се што е во наша моќ за да го рестартираме Југохром. Го стимулиравме сопственикот, кој е во преговори за продажба на комбинатот со турски потенцијале купувач кој работи во истата дејност, да го доизгради филтерот. Се недеваме дека ќе се договорат и оти новиот сопственик ќе биде поажурен, порача  премиерот Зоран Заев.
jugohromZa„Југохром го затворивме и го условивме се додека не ги постави филтрите нема да биде отворен заради здавјето на луѓето од Полог. Обезбедивме повеќе од 1,1 милиони евра  за изградба на фитрите, а газдата досега има вложено сопствени 500.000 евра. Преговараме за да го мотивираме да продолжи со постапката за поставување на филтрите за која обезбедивме дополнителни 1,1 милиони евра, иако станува збор за приватна сопственост“, рече Заев.
Во моментов, посочи, течат преговори помеѓу швајцарскиот сопственик со потенцијален купувач од Турција кој работи во таа дејност и е подготвен да го заврши целиот процес и се надева дека ќе се договорат.
„Доколку се договорат ќе се забрза процесот на поставување на филтрите, а со тоа и стартувањето на Југохром. Како држава сме направиле се иако станува бор за приватна сопстеност. Веројатно ќе изгубиме одредени гласови заради тоа што луѓето не работат, но сепак здравјето е пред се и над се, и стоиме зад него. Правиме се што можеме Југохром час поскоро да биде ставен во употреба“, потенцира Заев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×