Југоистокот ќе бира модел за изградба на регионална депонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
По повеќе од пет години во Југоисточниот плански регион повторно се покренува инцијатива за изградба на регионална депонија, откако претходната пропадна најмногу поради неусогласеноста околу цената која домаќинствата требаше да ја плаќат за собирање на сметот.
the-dumpДенеска Советот на градоначалници при Центарот за развој на југоисточниот плански регион заедно со претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за финансии, претставници од Европската банка за обнова и развој и експертска група ја почнаа постапката за менаџирање на ваков вид на депонии.
Според Каја Шукова од министерството за животна средина и просторно планирање, проектот се однесува на четири региони-Југоисточниот, Пелагонискиот, Југозападниот и Вардарскиот регион.
“Се прави првичен скрининг на условите во регионите и се разговара со подготвеноста на сите општини во регионите за воспоставување на современ концепт за управување со отпад. Југоисточниот регион се издвојува, бидејќи желбата на регионот е видлива во подолг временски период и денес тоа го потврдивме на првиот состанок. Има согласност од сите општини што е многу битно и имаат желба и идеа да се реши управувањето со отпадот во овој регион”, рече Шукова.
Додаде дека целиот проект ќе трае четири месеци, а е ангажирана данската компанија „Кови“ од страна на ЕБОР.
“Проектот започна на иницијатива на Владата на Република Северна Македонија, која што и пристапи на банката и и побара помош. Станува збор за пари од грант. Се надеваме дека ќе утврдиме соодветни модели за управување со отпадот во секој од регионите. Не значи дека ќе се уврди еден модел, кој ќе биде идентичен за сите четири региони, туку ќе зависи од демографијата на регионите, од количините на отпад кои што се собираат, значи ќе зависи од многу аспекти”, посочи Каја Шукова од министерството за животна средина и просторно планирање.
Претседателот на Совет на градоначалници на Југоисточниот плански регион, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, смета дека е добро што тргна иницијативата за решавање на овој горлив проблем. Додаде дека градоначалниците од десетте општини во регионот се едногласни дека конечно треба да се реши проблемот со изградба на регионална депонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×