„Junk free, guilt free” нова едукативна кампања на Виталиа за здрава исхрана без грижа на совест
Објавено на од во Компании

Mакедонската компанија за здрава храна „Виталиа“ реши да реализира едукативна кампања под слоганот „Junk free, guilt free“.

vitalia prБрзо темпо на живот значи и донесување брзи одлуки за исхрана во текот на денот. Иако изборот на здрава храна е оној логичниот, неретко знаеме да посегнеме по нешто junk, вештачко и висококалорично. Но, благодарение на зголемениот пристап до информации на интернет, се повеќе стануваме свесни дека здравата храна во која се задржани оригиналните ензими, хранливи состојки и биоактивни компоненти е нешто повеќе од обичен тренд. Здравата храна е потреба!

Кога се бориш со искушение да посегнеш кон нешко висококалорично и нездраво, добро е да знаеш дека постои нешто здраво и природно.

Mакедонската компанија за здрава храна „Виталиа“ реши да реализира едукативна кампања под слоганот „Junk free, guilt free“. Без да имаме грижа на совест, и без премногу размислувања, кампањата сугерира дека секогаш е подобра опција да се одберат производи кои се 100% природни, без додадени шеќери и ароми, а подготвени на многу едноставен начин –со минимална обработка (raw – сирови).

Вакви се токму новите Vitalia Super Raw bars, вистински избор за сите оние кои преферираат вкусна и суперздрава енергетска ужина, без глутен, без додаден шеќер, со големо количество растителни влакна и со одличен вкус.

Содржат повеќе од 80% суво овошје и тоа: урма, јагода, смоква, а дополнително содржат и супер храна како чиа семе, амарант, киноа што ги задоволуваат дневните потреби за ужинка полна протеини, витамини и минерали. Едно е сигурно, а сите истражувања тоа го покажуваат – консумацијата на сирова храна ни дава повеќе енергија во текот на денот, ни помага во одржување на посакуваната телесна маса, но и во борбата против холестеролот и концентрациите на трилицериди.

Во склоп на кампањата се промовирани три здрави и природни производи и тоа: Виталиа RAW BAR со урма, орев и јагодa, RAW BAR со чиа, бадем какао и урма

и RAW BAR со урма, смоква, индиски орев и амарант.

 

“Идејата за лансирање на ваков тип на производ се роди минатата година, инспирирана од трендот за консумација на сирова храна. Горди сме на креирањето на производ со супериорна нутритивна вредност и уникатен вкус. Едукативната кампања „ Junk free, guilt free” е инвестиција во здравјето на идните генерации, подигање на свесноста кај популацијата за важноста на здравата исхрана и комплетна промена на перцепцијата за здрава ужина“ – изјави Искра Ветаџокоска – Муцунска, генерален менаџер на Виталиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×