Јункер: Балканот ме погоди со страста за ЕУ – ќе имаме заедничка иднина
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Нема точни датуми кога земјите од Западен Балкан ќе се приклучат кон Европската унија, повтори претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, пред Европскиот парламент во Стразбур.

„Пред две недели го посетив регионот. Бев погоден од страста за ЕУ. Тоа ми донесе нова верба дека ако овој драматичен регион е толку решен да се промени фундаментално, тој мора да биде дел од ЕУ. Би сакал таква верба да видам и во 27-те земји на ЕУ“, изјави Јункер.

Тој потенцираше дека пред да станат дел од ЕУ, земјите од Западен Балкан имаат многу работа – да се решат сите билатерални спорови, да постигнат поголемо единство, реформи во сферата на владеењето на правото… Не постои покус пат за прием во ЕУ, бидејќи содржината е пред брзината. Нема прецизни рокови, но убеден сум дека со Западен Балкан ќе имаме заедничка иднина, истакна Јункер на пленарната седница на Европраламентот во Стразбур.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×