Јункер: ЕУ да дефинира неотповиклив став за проширувањето кон Балканот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

JunkerВо своето годишно обраќање пред Европскиот Парламент за „Состојбата на ЕУ“, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, предупреди на надворешните влијанија на Балканот.

“Мораме да го дефинираме на неотповиклив начин нашиот однос кон зачленувањето на земјите од Западниот Валкан, во спротивно други ќе го обликуваат нашето непосредно соседство”, изјави Јункер во својот говор.

Јункер истакна дека досегашните проширувања на ЕУ ги оценува како успешни, но дека се уште „останува да се прават напори“, алудирајќи на проблемите со владеењето на правото во повеќе источноевропски земји како Унгарија, Полска и Романија.

Минатата година, првиот човек на ЕК побара да му се пружа „кредибилна перспектива“ на регионот на Западен Балкан.

“Ако сакаме повеќе стабилност во нашето соседство, тогаш мораме да одржиме кредибилна перспектива за проширувањета кон Западниот Балкан”, рече Јункер.

Тој тогаш посочи дека е „јасно оти нема да има нови проширувања за време на мандатот на оваа Комисија и Парламент“, затоа што “ниту еден кандидат не e подготвен“.

Денешниот говор на Јункер беше фокусиран на предизвиците со кои се соочува Европската Унија, но не ги формулираше сите предлози што беа очекувани, како на пример федерализација на пограничната полиција со цел справување со миграциските текови. Тој сепак најави дека ЕК ќе предложи зголемување на оваа служба на 10 илјади полицајци до 2020 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×