Јункер им порача на Грците: Гласајте ДА за да остане еврото
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер го повика грчкиот народ да одговори “да” референдумското прашање, ако сакаат да останат во еврото. “Гласот “не” на референдумот ќе биде уништувачки за Грција. Тогаш тоа ќе биде знак за целиот свет дека грчкиот народ сака земјата да се дистанцира од Европа”, предупреди Јункер потврдувајќи дека им кажал на грчките граѓани дека “не мора да извршат самоубиство, само заради тоа што се плашат од смртта”.

Според него, одлуката за референдум на грчкиот премиер Алексис Ципрас била сосема неочекувана и изненадувачка, бидејќи премиерот воопшто не им кажал за ваквата опција.
“Грчкиот народ има право да ја знае целата вистина”, смета Јункер, обвинувајќи ја Атина дека не ја кажува целосно вистината околу преговорите со кредиторите.

“Никогаш не предложивме намалување на пензиите. Тоа никогаш не беше на маса и погрешно е да се тврди дека се разговарало за тоа”, вели Јункер. Тој вели дека пакетот мерки кои ги барале кредиторите биле захтевни, но исто така биле и фер.
“Грција страда од недостаток на конкуренција, заради што на пример цените на енергијата и на суровините се меѓу највисоките во Европа. За тоа да се надмине се потребни структурни реформи за кои притискаат и меѓународните кредитори”, вели Јункер.

Јункер на денешната прес конференција отворено ги обвини грчките власти дека се повлекле од преговорите во најлош момент и дека работеле намерно за преговорите да се оддолжат и да пропаднат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×