Јункер: Ниедна земја од Балканот нема да биде примена во ЕУ без да ги реши споровите со соседите
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави денеска пред европратениците дека ниту една земја од Балканот нема да биде примена во Европската унија пред да ги реши сите гранични спорови со соседите.

„Нема да се случи да се каже дека тоа ќе се решава откако ќе се влезе во ЕУ. Проблемите мора да бидат решени пред пристапување или нема да има натамошно проширување“, изјави Јункер.

Тој истакна дека 2025 година не е година кога Црна Гора и Србија „мора“ да бидат во ЕУ, туку тоа е индикативен датум и охрабрување за тие земји, кои најмногу напредувале на патот кон Унијата.

„Сакаме да видиме проширување на Западен Балкан, но не сакаме да видиме влез без исполнување на условите. Тие сѐ уште не ги исполниле условите, а некои земји се далеку од тоа“, изјави Јункер пред Европарламентот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×