Јункер: Преговорите со Македонија и Албанија нема да почнат утре
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Одлуката на Европската комисија да предложи Македонија и Албанија да ги почнат преговорите за приклучување кон Европската унија, не значи дека овие преговори ќе почнат уште утре, изјави претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, во Европскиот Парламент во Стразбур.

„Прво, неопходно е одобрението од Европскиот совет, односно во следните шест месеци ќе го дознаеме ставот и на Советот на ЕУ“, додаде Јункер. Појасни дека нема рок за завршување на преговорите, ќе бидат оценувани постигнувањата на соодветните земји.

Земјите од Западен Балкан имаат потреба од европска перспектива за да не се повторат настаните од деведесеттите години на минатиот век. Ги повикувам овие земји да го одбележат неопходниот напредок, овој процес ќе одземе многу време, дополни претседателот на ЕК.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×