Јункер в недела во Македонија на средби со државниот врв – оттука ја почнува балканската турнеја
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер, својата балканска турнеја ќе ја започне в недела, на 25 февруари, со посета на Македонија, во рамки на која до први март ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан.

Претседателот Јункер ќе го придружуваат високата претставничка за надворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини, и комесарот за проширување, Јоханес Хан. Во Македонија засега се потврдени средби со премиерот Зоран Заев и со претседателот Ѓорѓе Иванов, но не се исклучуваат дополнителни средби.

Јункер и Заев треба да одржат и заедничка прес конференција, потврдуваат од Европската Комисија.

Во Европската Комисија одбиваат засега да влегуваат во детали околу пораките кои ќе му бидат пренесени на македонското лидерство, особено во однос на прашањето за името, за кое притисок доаѓа и од Германија.

Ставот на Европската Комисија околу прашањето за името останува истиот, а тоа е дека двете страни треба да најдат заеднички прифатливо решение пред да започнат преговорите со ЕУ.

Турнејата по Западен Балкан, првиот човек на ЕК ќе ја заклучи со посета на Бугарија, која во моментов претседава со ЕУ. Јункер во Софија ќе се сретне со претседателот Бојко Борисов и ќе присуствува на заеднички ручек со сите премиери на земјите од регионот.

На почетокот на февруари ЕК ја објави својата нова стратегија за Западниот Балкан, која има за цел да ја потврди кредибилноста на европската перспектива за земјите од регионот.

На 17 мај во Софија ќе се одржи и европски самит посветен на регионот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×