Јункер за во недела свика вонреден состанок за бегалската криза на Балканот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, за во недела свика вонредна седница со лидерите на неколку европски држави, а за вонредната ситуација со бегалците на територијата на Западен Балкан. Во изјавата на ЕК се посочува дека Јункер испратил покани до државните/владините раководители на Австрија, Бугарија, Хрватска, Македонија, Германија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Словенија. Оваа средба доаѓа по бранот од десетици илјади емигранти од Сирија и од Авганистан, кои се блокирани во државите од Западен Балкан по патот кон Германија, откако Унгарија ги затвори границите со Србија и Хрватска, што предизвика верижна реакција и во други држави. Парламентот на Словенија законски овозможи армијата да ѝ помага на полицијата во заштитата на државната граница каде се собрани илјадници бегалци од Хрватска откако Унгарија ја затвори границата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×