Јужна Србија лежи на злато и сребро
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Канадската компанија Medgold Resources откри одлични индикатори дека југот на Србија има богати наоѓалишта за благородни метали.

bosilegrad

Истражувањето на канадската компанија под називот Tlamino project за пределот на тромеѓето меѓу Србија, Бугарија и Македонија покажало сериозни индикатори за постоење многу злато и сребро таму, пишува Новости

Сондажите покажале постоење на слој од 40 метри кој содржи 8,32 грама злато по тон и скоро неверојатни 193 грама сребро по тон.

По ова, Medgold Resources потпишала споразум за заедничко вложување со Fortuna Silver, исто така канадска компанија, која веќе во свое поседништво ги има рудникот за злато и сребро San Hoze во Мексико и перуанскиот рудник за сребро Kailoma.

Споразумот значи дека Fortuna Silver, која во Аргентина развива и проект за отварање на рудник за злато , се обврзува дека во сите понатамошни истражувања во оваа област ќе инвестира 8 милиони долари. Планирано е 2 милиони да се потрошат уште оваа година, а во замена за ова финансирање компанијата ќе добие 70% од сопственичката структура на Talmino project.

Истражувањето се случува на површина од 192 квадратни км на 30 км оддалеченост од Босилеград.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×