Јужнокореецот Ким Џонг Јанг избран за претседател на Интерпол
Објавено на од во Политика

InterpolЈужнокореецот Ким Џонг-јанг денеска е избран за нов претседател на Меѓународната полициска организација (Интерпол), како наследник на Кинезот Менг Хонгвеј, кој во септември беше уапсен од страна на кинеските власти под обвинение за примање поткуп.
За изборот на Кина на денешното продолжение на заседанието на Генералното собрание на Интерпол, што се одржува во Дубаи, гласаа повеќе од дветретини од членките на Организацијата.

Ким ќе биде на функцијата претседател на Интерпол најмалку до крајот на 2020 година, односно до истекот на мандатот во кој на функцијата беше избран Менг.

Противкандидат на Ким за претседателската функција беше ветеранот на руските безбедносни служби Александар Прокопчук, против чиј избор се изјаснија САД, Велика Британија и неколку други западни земји, со образложение дека доколку тој стане претседател на Интерпол постои опасност за злоупотреба на меѓународниот систем за издавање на „црвени потерници“ од страна на Русија за прогон на политичките противници на Москва.

Прокопчук, кој е генарал на руската полиција, досега беше потпретседател на Интерпол.

Во пресрет на гласањето за избор на новиот претседател на Интерпол, група американски сенатори излегоа со заедничко соопштение, во кое повикаа на „спречување на изборот на Прокопчук“ за прв човек на Организацијата.

Претходно, и американскиот државен секретар Мајк Помпео упати апел до „сите земји членки на Интерпол, кои се залагаат за почитување на правната држава“ да гласаат за избор на Ким за претседател.

Ваквите пораки Москва ги оцени како „отворен притисок и мешање во процесот за избор“ на претседател на Интерпол.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×