Јужнокорејскиот гигант Samsung во Индија ја отвори најголемата фабрика за паметни телефони во светот
Објавено на од во Компании

SamsungЈужнокорејскиот производител на добро познатите Galaxy телефони, Samsung Electronics Co., ја отвори најголемата фабрика во светот за производство на мобилни телефони во предградијата на Њу Делхи, главниот град на Индија, објави Блумберг.

Новата фабрика се простира на околу 14 хектари земја. Вака големата фабрика ќе му помогне на Samsung да одговори на големата побарувачка во земјата со 1,3 милијарди жители, во која има само 425 милиони корисници на смартфони.
Ова е дел од иницијативата “Made in India” на индискиот премиер Нарендра Моди, која има за цел да ги привлече компаниите да градат фабрики во Индија, со цел да го поттикнат домашното производство. Минатата година, Индија привлече 62 милијарди американски долари од странски инвестиции, што е најголем износ досега за оваа азиска земја.

Индискиот пазар на паметни телефони порасна за 14% минатата година, со вкупно 124 милиони продадени примероци. Индија, според податоците на International Data Corp, е најбрзо растечки пазар меѓу 20-те најголеми пазари на паметни телефони.
Новата фабрика ќе има капацитет да произведе 120 милиони паметни телефони годишно и во неа ќе се произведуваат сите модели, од евтините кои чинат помалку од 100 долари па се до скапиот Galaxy S9 модел.

Индија минатата година ги надмина САД и стана втор по големина пазар на паметни телефони во светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×