Кабинетот на Вучиќ: Србија не сака припојување на Република Српска
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Власта во Србија не сака спојување на Република Српска со Србија, изјавиле од кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ за српски Данас.

Како што наведуваат од кабинетот на Вучиќ, Србија е единствена препрека на отцепувањето на Република Српска од Босна и Херцеговина, што е ставот и на претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Додик во интервју за Дојче Веле претходно изјави дека за 10 години во состав на Србија ќе бидат Република Српска и северниот дел од Косово.

На молба да покаже на мапа што тогаш би се случило со границите, Додик повлече граница меѓу БиХ и Република Српска, која ја поврза со Србија.

Исто така, тој повлече граница и на северот на Косово, што го припои кон Србија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×