Каде исчезнуваат милионите кога паѓа крипто пазарот?

Што се случува со крипто валутите кога пазарите паѓаат. Дали навистина се „бришат“ или само очекуваат подобри времеиња?

Секогаш кога пазарот ќе влезе во „bear“ и  насловите во медиумите ќе експлодираат со фрази како „Избришани 200 милијарди долари од крипто пазарот за 24 часа“, во јавноста а и кај крипто скептиците уште толку се создава сликата дека некаде постои огромен сеф полн со долари кој одеднаш се испразнил и на луѓето кои имаат крипто валути во своите новчаници преку ноќ им ги снемува.

Но, како новинари и крипто аналитичари, наша должност е да ја демистифицираме оваа појава. Парите не исчезнуваат во „црна дупка“. Она што се менува е перцепцијата за вредноста, а падот на пазарот влијае на сосем различен начин врз двете основни групи на учесници: „Ходлерите“ (Holders) и Трговците со поткрепа (Leverage Traders).

1. Пазарна капитализација vs. Вистински пари

Првата заблуда која мора да ја разбиеме е поимот пазарна капитализација (Market Cap). Оваа бројка не претставува вкупна сума на вистински долари внесени во системот. Таа е едноставна математичка формула:

Пазарна Капитализација = Тековна цена на криптовалутата помножен со Вкупен број на валути во циркулација

Ако последната трансакција за еден Биткоин на берзата се случила по цена од 60.000 долари, сите постоечки Биткоини математички се вреднуваат по таа цена. Ако следниот момент некој во паника продаде Биткоин за 55.000 долари, „пазарната капитализација“ паѓа за милијарди на хартија, иако од пазарот физички не излегле милијарди долари. Тоа е пад на перцепцијата за вредност, а не директно празнење на паричниците.

2. Позиции што „крварат“: Кој навистина губи во секундата?

Вистинската драма и вистинското губење на капитал за време на пазарен пад се случува на берзите за деривати (Futures). Тука се наоѓаат позициите кои пазарот буквално ги „брише“ преку ликвидација.

* Долги позиции (Long Positions) под притисок: Кога пазарот паѓа, најпрво страдаат трговците кои се обложиле дека цената ќе расте.

* Ефектот на поткрепа (Leverage): Кога тргувате со левериџ (на пример 10х или 50х), вие позајмувате пари од берзата за да контролирате поголема позиција со мал сопствен влог (колатерал). Ако цената падне за само 2% при левериџ од 50х, вашиот влог е 100% изгубен.

* Присилна ликвидација (Forced Liquidation): Берзата нема да дозволи вие да влезете во долг кон неа. Во моментот кога цената ќе ја допре вашата „ликвидациона цена“ (каде вашиот колатерал не може повеќе да ја покрие позајмицата), паметниот систем автоматски ја затвора вашата позиција. Вашите пари одат кај берзата или кај оние што се обложиле на пад (Short Sellers). Овие пари се трајно изгубени.

Ликвидациска каскада: Кога системот присилно затвора илјадници „Long“ позиции одеднаш, тој автоматски продава огромни количини крипто на пазарот. Ова предизвикува дополнителен притисок, цената паѓа уште повеќе и повлекува нови ликвидации. Тоа е пазарното „чистење“.

3. Ходлерите: Разликата меѓу „загуба на хартија“ и „реализирана загуба“

За разлика од трговците на берзите кои остануваат без ништо, инвеститорите кои купуваат на „Spot“ пазарот (вистински сопственици на валутите) ја пречекуваат бурата поинаку.

Златното правило на криптото: Не си изгубил ништо сè додека не продадеш.

Ако поседувате 1 Биткоин, вие сè уште имате точно 1 Биткоин, без разлика дали неговата цена денес е 70.000 или 30.000 долари.

Нереализирана (нереален) загуба (Paper Losses): Ова е само моментално вредносно намалување. Вашето портфолио на екранот покажува помала бројка во денари или долари, но вашиот удел во мрежата е ист. Инвеститорот има луксуз да почека пазарот да се опорави (како што историски секогаш се случувало со големите проекти).

Реализирана загуба (Realized Losses): Парите стануваат вистински изгубени за „ходлерот“ дури во моментот кога ќе подлегне на паниката и ќе притисне ПРОДАДИ (SELL) на дното. Тогаш ја заклучува загубата, го претвора криптото во помалку фиат пари (долари/евра) и вредноста трајно преминува кај оној што го купил неговиот „евтин“ Биткоин.

Заклучок на Cryptool.pro

Кога пишуваме дека пазарот „избришал милиони“, вистината е следна: Милионите се избришани од сметките на презадолжените трговци кои играле со левериџ, додека за долгорочните инвеститори, тоа е само уште еден црвен ден на екранот каде вредноста спие до следниот „Bull run“. Парите во криптото не исчезнуваат — тие само се прелеваат од рацете на нетрпеливите во рацете на трпеливите.

Редакција Капитал

Редакција Капитал

...само идејата е Капитал, а сè друго е пари...

Напишете коментар

Your email address will not be published.

оди наВРВ