Каде се наоѓа македонската просечна заработка на европската мапа?
Објавено на од во Економија

Највисоките плати се всушност во неевропски земји.

plata

Најниски плати во Европа имаат Молдавците со 212 евра месечно, малку повеќе се платени Украинците, 240 евра, а најниски плати земаат Белорусите, 337 евра месечно, според податоците на Евростат.

Според податоците од Државниот завод за статистика на Македонија, македонската просечна плата изнесува 403 евра, што е нешто повисока само од просечната плата во Албанија (378 евра).

Од поранешните југословенски земји, освен Македонија, Србија има најнизок просечен приход од 422 евра, а највисок имаат Словенците со 1.077 евра месечно. Следат Хрватите со 832 евра, Црногорците со 512 евра месечно, и Босна и Херцеговина со 445 евра месечно.

Нешто поголеми плати во регионот имаат Бугарите (457), Романците, кои заработуваат по 535 евра месечно во просек, додека Грците имаат 917 евра месечно.

Ако ја погледнеме другата страна, интересно е да се напомене дека највисоките плати се всушност во неевропски земји. Најголема плата во Европа има во Швајцарија и изнесува 4.370 евра, а потоа Исланд, 3.568 и Норвешка 3.309 евра месечно.

Во Унијата, највисока просечна плата има во Данска, која изнесува 3.309 евра. По неа следи Луксембург со 3.159 евра и Шведска со 2.570 евра месечно.

Во српската ветена земја, Германија, според последните истражувања, просечната плата изнесува 2.270 евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×