Како босанскиот претприемач Нијаз Хастор го блокираше Volkswagen
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Wolsvagen 02Одбил да им испорача автоделови

Деновиве во светската медиуми многу се пишуваше за проблемот кој еден босански претприемач му го направи на германскиот автомобилски гигант Volkswagen, кој беше присилен дури и да сопре производството во одредени фабрики заради тоа што автомобилските делови не му беа навреме испорачани. И додека се преговара за надминување на несогласувањата, овој скандал на површина го извади проблемот со несигурноста од производство на автомобилски делови во други земји, a може да влијае и врз останатите соработки на германските автокомпании со надворешни производители на авто делови.

 

Prevent групата е најголема приватна босанска компанија во сопственост на Нијаз Хастор и на неговите партнери. Шест германски автомобилски фабрики во сопственост на Volkswagen беа присилени да го запрат производството поради недостаток на делови што не им биле испорачани од Prevent групата од Босна и Херцеговина. Компанијата во сопственост на најбогатиот бизисмен од БиХ ја запрела испораката поради несогласувања околку новиот договор со Volkswagen.

Застојот на производството почна во погонот каде што се произведува Passat, и за неколку дена зафати околу 10% од германските вработени во Volkswagen, соопшти компанијата. Оттаму најавија дека во своите домови би можело да бидат вратени дури 27.000 работници. Производството на Golf нема да продолжи до крајот на оваа недела.

„Изненадени сме што спорот ескалираше до ниво на кое е сериозно загрозено производството“, изјави за агенцијата Bloomberg аналитичарот на Commerzbank, Саша Гомел.

Volkswagen се најде во лоша позиција бидејќи спорот изби во исклучително непријатен момент за компанијата чија репутација е нарушена од минатогодишното откривање на измамата со мерните уреди во нивните возила.

Во Commerzbank предвидуваат дека застојот на производството на Golf и на Passat компанијата би можело да ја чини до 70 милиони евра неделно.

Според изјавите на Bloomberg, Volskwagen се обидел да ја прелее цената на кризата во која се најде по сопствена вина, на своите добавувачи.

Во кратка изјава за хрватски Jutarnji list, порпаролката на Prevent групата, Аида Салкиќ, објасни дека станува збор „за изолиран случај поврзан со испораката на еден дел од компонентите што се користат во интериерите на возилата“.

„Со оглед на тоа што вклучените друшта правно и економски се одвоени, не можеме да даваме коментари во нивно име. Производните активности на Prevent групата се одвиваат непречено“, изјави Салкиќ.

Разговорите на Prevent и на компаниите на Volskwagen во понеделникот (22 август) продолжија. Минхенскиот дневник Süddeutsche Zeitung објави во неделата дека Prevent групата од Volskwagen бара 58 милиони евра обесштетување за прекинот и за преформулацијата на стариот договор.

Prevent притоа се оглушил на одлуката на германскиот суд дека треба да продолжи со испораката на делови за Volskwagen.

Prevent групата е најголема приватна босанска компанија во сопственост на Нијаз Хастор и на неговите партнери.

Групата е моќен играч на германскиот автомобилски пазар и преку своите компании Halog GmbH и Cascade International Investments GmbH држи 15,2% удел во Gramar AG, германската компанија за производство на автомобилски седишта.

Порачката што ја раскина Volkswagen вклучува и 500 милиони евра тежок договор со компанијата на Prevent за производство на автомобилски седишта Car Trim,што би требало да стапи на сила на почетокот на идната година. Prevent од Volkswagen бара обесштетување за трошоците на адаптација на погоните направени со цел преземање на новата работа.

Конфликтот, велат познавачите на автоиндустријата, јасно го покажува ризикот со кој производителите на автомобили се изложуваат кога зависат од надворешни добавувачи на делови, чии производи по правило се порачуваат во мигот кога стигнуваат порачките за автомобилите од купувачите, што значи дека деловите доаѓаат во фабрика без чекање во складиште. Тоа ги намалува трошоците за производство, но го зголемува ризикот од потреси во целиот синџир, ако некој од добавувачите заостане со испораката.

Во решавањето на проблемите на Volkswagen со добавувачите се вклучи и германската сојузна држава Долна Саксонија, чиј министер за економија, Олаф Лиес, е член на надзорниот одбор на Volkswagen.

„Исходот на преговорите нема да биде решение само за постојниот спор, туку би можел да даде и одговор на клучното прашање за модалитетите на идната соработка на производителите на автомобили со нивните договорни соработници“, изјави Лиес.


Miler Markus

Матиас Мулер, претседател на Управниот одбор на Volkswagen групацијата

Volkswagen може да се обиде да дојде до деловите и со заплена

Драстичните мерки што Volkswagen беше принуден да ги преземе подразбираат дека најмалку до крајот на август околу 27.700 работници ќе работат скратено работно време, а на гигантот ова му се случи откако добавувачите на куќишта за менувачи и на навлаки за седишта, ES Automobilguss и CarTrim, ја запреа испораката. Добавувачите тврдат дека Volkswagen без најава, односно без надомест, прекршил неколку договори, не оставајќи им друга можност освен да ја запрат испораката за да го заштитат својот бизнис и својата работна сила. Експерти, пак, сметаат дека гигантот згрешил што клучните куќишта за менувачи одлучил да ги набавува од само еден производител.

„Глобална компанија не би смеела да набавува клучни делови од само еден добавувач со средна големина“, смета експертот од Универзитетот Duisburg-Essen, Фердинанд Дуденхофер.

Меѓу правните мерки што ги разгледува компанијата од Волфсбург е и можноста до деловите да дојдат со запленување.

„Моментално ги разгледуваме сите правни средства за да ставиме крај на прекинот на доставата на делови“, изјави портпарол на Volkswagen.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×