Како да ги менаџирате паричните текови?
Објавено на од во МАГАЗИН

Managment 1Борба против неликвидноста

Домашните компании често паѓаат во стапицата да го имаат профитот во билансите, а да ги немаат парите на сметка. Со анализа на паричните текови точно знаеме колку пари имаме во секој момент, и затоа оваа алатка ја препорачуваат консултантите за финансии.

 

Приближно 85% од сите новоосновани компании пропаѓаат во првите пет години од работењето, а најмногу од нив заради недостаток на готовина, велат светските статистики. Според истражувањата на Ернст и Јанг (Ernst & Young), во услови на криза фирмите се однесуваат на следниов начин: отпуштаат вработени и очајно бараат кредити со ниски каматни стапки. И кога кризата ќе помине, се разбира, очекуваат да го продолжат сопствениот раст и развој. Најчесто не се свесни колку е нешто вредно и колку им е важно сe’ до оној момент кога ќе го загубат. Истата работи важи и за готовината.
Големата неликвидност или недостатокот на готовина со која што се соочуваат многу македонски компании во моментов, може да е последица и на недоброто планирање на бизнис процесите, велат домашните стручњаци. Особено малите и средни компании, заради ограничените капацитети често го прескокнуваат правењето на краткорочни и долгорочни планови. Проблем со ликвидноста имаат токму затоа што не испланирале од кои извори ќе го финансираат развојот на производството и продажбата на нов производ, или пак дури и обезбедувањето пари за плати на вработените и намирување на снабдувачите.
„Финансиското планирање значи детална анализа на приходите и трошоците, согледување на нужните трошоци без кои фирмата не може да функционира, па анализа на трошоци што може да се намалат без сериозни последици по работењето, и на крајот, да се види дали има трошоци што може целосно да се отстранат“ велат консултантите што ги контактиравме за оваа тема.
Финансиското планирање е особено важно во време на криза, вели таа, кога е загрозена ликвидноста, па тоа мора да подразбира ревидирање на договорите со снабдувачите и клиентите, во смисла на подобро позиционирање.
“Во време на неликвидност сите преговараат за роковите на испорака и плаќање, сe’ со цел да ги задржат клиентите. Најлошо во услови на криза е да се губат клиенти. Но, мора внимателно да одредите до која мера ќе бидете флексибилни. Клиентите што подолго време се лоши плаќачи носат повеќе штета одошто корист на вашата компанија“, истакнуваат експертите.
Профитот е тука, но реално ги немате парите
Во рамки на финансиското планирање во компанијата, е планирањето на паричните текови и оваа алатка е многу корисна за подобрување на ликвидноста велат стручњаците за финансии. За жал, таа се користи претежно во поголемите компании, но следењето на паричните текови треба да е секојдневен процес во сите фирми. Подготовка и објавување на извештајот за паричните текови кај македонските компании, е неопходен за целосно согледување на работењето на фирмата за периодот на известувањето, и особено за планирањето на идното работење, сметаат стручњаците.
“Во компанијата некој мора секојдневно да ги обработува паричните текови и тие долгорочно да се следат. Конкретно, во услови на влошена ликвидност треба да се практикува следење на паричните текови на секои 15 дена, а во период на стабилизирање на ликвидноста, доволно е и еднаш во месец дена“, советуваат нашите соговорници.
Една работа е колкава е добивката, а друго е колку е компанијата ликвидна. Компаниите водени од мислата да бидат профитабилни, не водат сметка колку од тој профит имаат на својата сметка. Профитот е суштината на бизнисот, точно, но тој треба да е расположив откако ќе ги намириме сите трошоци. Фирмите многу често несвесно влегуваат во проблеми заради неправилното дефинирање на роковите на наплата и рокови на исплаќање обврски. Ако се наруши тој баланс, тогаш се јавуваат проблемите на ликвидноста. Профитот е тука, но вие реално ги немате парите.

Сопственикот не ја гледа фирмата исто како професионалниот менаџер

Една од причините што отсуствува квалитетно бизнис планирање кај македонските мали и средни компании, а со тоа и планирање на финансиите, според стручњаците, е и концентрацијата на сопственоста и менаџирањето во една иста личност. Кај домашните бизниси многу често не се прави разграничување на тоа што е сопственик, а што менаџер. Основачот – сопственикот на компанијата, обично се грижи за сe’, и често не сака да признае дека му фали знаење и искуство за одредени процеси, како што е планирањето на паричните текови.

Рецепт за намалување на болката од неликвидноста:Научете го обртот на своите побарувања

 Фирмите мора да научат да пресметаат во кој момент е точката каде што треба да престанат со кредитирање на своите клиенти, односно продавање стока или услуга што ја наплаќаат по извесен временски период. Треба да знаат кој е обртот на нивните побарувања и како со него да управуваат. Зголемената продажба може да има негативни капитални последици по компанијата. Таа може да рече, имам побарувања, па ќе земам кредит за во меѓувреме да се исфинансирам, на крај ќе ми платат и ќе биде сe’ во ред. Но, што ако земете кредит, а побарувањата не ги наплатите. Фирмите одат пребргу со продажбата, мислат дека ако продадат, го решиле проблемот. А, доколку немате наплата, тогаш немате пари да ги платите своите вработени, за маркетинг, за истражување и развој, значи станувате неконкурентни и едноставно пропаѓате, советуваат консултантите.

Прашања што треба да си ги поставите ако сте неликвидни

  •  Каде се нашите пари?
  • Каде се изворите на (не)ликвидноста?
  • Дали е проблемот само во недоволната продажба или има и други причини?
  • Дали недостатокот на готовина се решава само со намалување на трошоците на работењето?
  • Дали неликвидноста се лекува со земање на краткорочни кредити (макар и со ниски каматни стапки) или кредити за рефинансирање или тоа претставува лекување на срцеви проблеми и висок крвен притисок со помош на шумливи таблети?
  • Кои се последиците од неликвиднoста?

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×