Како да ги освоите генерациите што се раѓаат со смартфон во рацете?
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Foto 1 za tema 4Бренд менаџмент

Пред една генерација, да се има мобилен телефон, а не пак компјутер што го собира во вашиот џеб, беше мислена именка. Но, денешните бебиња се раѓаат со смартфон во рацете што се вели. Смартфон којшто е многу помоќен одошто суперкомпјутерите од пред само неколку години. Оваа генерација на потрошувачи е најповрзана од сите генерации досега, што ја прави најлесно достапна група преку комуникациите, на сите времиња. Иако вака на прва изгледа дека пазарот е жетва за бизнисите, маркетинг професионалците и брендовите мака мачат да изградат односи со оваа нова генерација на потрошувачи. Ви нудиме неколку начини што досега во праксата се покажале како успешни.

 

Потрошувачите од генерацијата на т.н. “миленијалци“, како и оние што следуваат по нив, а наречени генерација Z се најконектирани од сите генерации досега, што ја прави најлесно достапна група со помош комуникациите, на сите времиња. Иако вака на прва изгледа дека пазарот е жетва за бизнисите, маркетинг професионалците и брендовите мака мачат да изградат односи со оваа нова генерација на потрошувачи.


Размислувајте и делувајте брзо

Со толку многу барања, но и опции од коишто може да избира, денешната младина изгледа повеќе си го цени времето одошто нејзините претходници. Не дека генерацијата миленијалци покусо време може да ја задржи концентрацијата: многумина можат во еден здив да прочитаат илјада страници од Хари Потер, или пак да изгледаат половина сезона од ТВ серија за неколку саати. Но, содржината што не им е интересна веднаш е заменета од друга.

“Брендовите мора да преминат на суштината веднаш“, вели Џордан Гонен, автор и консултант. “Инаку, генерацијата Z ќе ве батали. Тие знаат дека имаат мноштво од други можности.“

Форсирајте куси, концизни твитови, и видеа што ве плескаат в лице веднаш со пораката. Сте забележале дека YouTube остава пет секунди да се погледне некоја реклама пред да прескокнете на содржината што ја сакате? Подобро осигурете се дека ќе предизвикате ефект во тие пет секунди, затоа што тоа можеби е единствената шанса што ја имате кај некои потрошувачи.


Return on Interaction 
наместо Return on Investment

“Кога ќе слушнам ROI, мислам на поврат на интеракција, а не на инвестиција (Return on interaction наместо Return on investment), вели Конор Блекли од YouthLogix за Fortune. “Треба да зборувате со нив, а не ним да им зборувате. Преку интеракции што имаат смисла, ќе најдете точки на спојување помеѓу вашиот бренд и потрошувачите.“ Не користете ги социјалните медиуми како Snapchat небаре се модерна верзија на телевизијата. Бидете активни заедно со вашата публика, и слушајте ја. Најуспешните маркетери на генерацијата миленијалци попрво ќе потрошат време за слушање на своите потрошувачи и разбирање што тие сакаат, одошто да исфрлаат постојано некакви решенија и да се надеваат дека нешто ќе се закачи.


Бидете реални

“Бидете реални“, вели Грег Вит од Immersive, маркетинг агенција специјализирана за решенија што ја таргетираат младата генерација потрошувачи. “Додека брендовите како Pac Sun, Quicksilver или Wet Seal имаат тешкотии во конектирањето со генерацијата миленијалци и генерацијата Z, може да учите од Levi’s. Нивната стратегија е да ја промовираат својата реалистичност преку таргетирани niche култури и искуства што се привлечни за младите луѓе коишто сакаат пристап до автентичноста на брендот.“
Levi’s стратешки ги селектира бренд амбасадорите кои што се вклопуваат во нивната ДНК. Тие може и да не се најпопуларните инфлуенсери на социјалните мрежи, но имаат “персоналити“ што одговара на брендот.


Познавајте ја ДНК на својата публика

“Врвните маркетери денес ги разбираат своите потрошувачи на фундаментално ниво“, вели Џош Стејмл, шеф на дигиталната маркетинг агенција MWI. “Ние работиме со Berrics (приватен скејт парк во Лос Анџелес, САД, н.з.) во моментов, чијашто публика се главно мажи во своите тинејџерски години или рани 20-ти, а причината зошто сопствениците се толку успешни со својот маркетинг е затоа што израснале во скејтбординг индустријата и ги познаваат своите клиенти како сопствената дланка. Тоа е како да учите јазик – ако не сте пораснале со него, никогаш нема да го разбирате интуитивно како мајчин јазик.“

Стејмлер, и самиот скејтер инаку, вели дека никаква количина на податоци или истражувања не може да го замени тоа што ја познавате добро публиката која ја таргетирате.

Ако вашата компанија нема луѓе што имаат емпатија за младите генерации, ангажирајте такви професионалци веднаш. Nike, на пример, имаше очаен обид да влезе на скејтбординг пазарот во 1990-те и покрај огромните маркетинг буџети. С$ додека Nike не стави скејтери да го контролираат процесот на дизајн и маркетирање на облеката за овој спорт.


Не се расплинувајте

Многу компании се расплинуваат обидувајќи се да зборуваат на премногу јазици со премногу типови на потрошувачи. Бизнисите често се грижат за тоа дека со фокусирањето кон една публика, може да загубат друга, но нема потреба за тоа: до 2020 година, генерацијата Z ќе претставува 40% од сите потрошувачи на планетава.


Наградете ги своите потрошувачи

Лојалните потрошувачи често се спремни да ви го дадат своето име и имејл адресата ако им дадете некакво подароче. Синџирот ресторани Chipotle од САД, тоа го испраксира добро, со својата платформа guachunter.com каде што ги наградува своите потрошувачи со бесплатен гвакамоле сос.

“Ако онлајн понудата ја направите комплексна, наместо едноставна и јасна, може да изгледа контрапродуктивно. Но, ако таа комплексност е добро направена и во вистински амбиент, може да води до поголема активност и лојалност на потрошувачите.“, вели Дип Пател, претприемач и автор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×