Како да останете ликвидни во 2016?
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2016

Пораката за во Новата година: Почнете со активна грижа за своите побарувања – следете ги од денот на нивното настанување и вашите клиенти нека го знаат тоа. Ризикот од нивно незадоволство или губење е помал од штетата која може да ви ја донесе клиент кој не плаќа.

Financial business plan

“Кешот“ е крал кога се работи за финансискиот менаџмент на компанија што расте. Јазот помеѓу моментот кога ги плаќате своите обврски – кон добавувачи, вработени, итн. – и моментот кога наплаќате од своите клиенти и купувачи е проблем, а решение е менаџирање  на паричниот тек. Накусо кажано, тоа значи одложување на одливите на кеш колку што е можно подолго додека истовремено го форсирате секој што ви должи пари да ви плати што е можно побрзо.

Во анкетата што ја направивме со домашните бизнисмени, на прашањето кои ќе бидат најголеми предизвици за нивните компании во 2016 година, речиси сите, меѓу другото, ја истакнаа и неликвидноста – проблем што е особено засилен во домашната економија последниве неколку години. Успешното балансирање помеѓу плаќањето на своите обврски и наплатата на побарувањата ќе остане и понатаму една од клучните задачи за домашните менаџери доколку сакаат опстанок и развој на нивните компании.

Законот за финансиска дисциплина мора да важи за сите компании без оглед дали се од приватниот или од државниот сектор. Вака како што денес функционира законот, државните компании се привилегирани во однос на приватните. Исто така во нерамноправна положба се наоѓаат и компаниите кои е извозно ориентирани. Имено овие компании за да можат да бидат конкурентни на пазарите надвор од државата мора да ги прифаќаат условите за одложено плаќање и поголемо од 120 дена. Кога ќе се земе предвид и времето потребно за изработка и транспорт на производите, наплатата на побарувањето често се оддолжува и повеќе од шест месеци од денот кога сме го набавиле потребниот материјал., вели Златко Симоновски, директор на Факом.

Тој додава дека за да им платат на нивните  добавувачи, оваа временска дупка мора да ја пополнуваат честопати со земање банкарски кредити кои дополнително го поскапуваат нивниот производ и често ги прават помалку конкурентни на пазарот.

“Така би морале да нарачуваме материјали од добавувачи надвор од државата што претставува негативен тренд за македонската економија воопшто.“, вели Симоновски.

Ramka za likvidnost

 


Важен аспект во грижата за ликвидноста е нејзината поставеност во животниот циклус на побарувањата на претпријатијата.

“Грижата за ликвидноста започнува од првиот ден на нивното настанување. Многу компании го забораваат или превидуваат овој основен факт во обезбедувањето на потребната ликвидност и многу почесто одлучуваат да преминат кон задолжување наместо да почнат со наплата на своите побарувања од првиот ден на нивното настанување. “, вели Катерина Бошевска, директор на ЕОС Матрикс (Eos Matrix), компанија чија што главна дејност е услугата управување со побарувања.

Без оглед на величината, компаниите треба да имаат бизнис план за тоа што мислат да го работат, да знаат каде сакаат да го видат својот бизнис за пет години нанапред. Една од најважните алки во бизнис процесот кој се планира е обезбедувањето на ликвидност. Ликвидноста се буџетира подеднакво важно како и финансискиот резултат. Пристапот кон буџетирање на ликвидноста е различен од оној за финансискиот резултат. За успешно буџетирање на ликвидноста компаниите треба да си го познаваат обртот на своите побарувања и како со него да управуваат. Од тука, ќе го прилагодат и обртот на своите обврски со цел да не се доведат во ситуација да потрошат повеќе од што имаат.

 

Likvidnost3

Финансиските експерти велат дека многу често, домашните компании водени кон остварување на повисоки профити, знаат да го попуштаат вентилот за одложено плаќање и со тоа стануваат кредитори на своите клиенти, услуга за која не само што не наплатуваат, туку им носи директна штета.
“Токму затоа компаниите мора да знаат или да научат да пресметаат која е точката каде што треба да престанат со кредитирање на своите клиенти, односно да продаваат стока или пружаат услуги на одложено плаќање. Во услови на неликвидност сите преговараат околу роковите за плаќање и во борбата да се задржат клиентите се прават отстапки кои може да доведат до сериозни последици за компаниите.“, советува Бошевска од ЕОС Матрикс, која пред извршната функција, долго време беше финансиски директор на компанијата.


Со цел повисоки  профити компаниите го попуштаат вентилот за одложено плаќање и со тоа стануваат кредитори на своите клиенти, услуга за која не само што не наплатуваат, туку им носи директна штета. Токму затоа компаниите мора да знаат или да научат да пресметаат која е точката каде што треба да престанат со кредитирање на своите клиенти, односно да продаваат стока или пружаат услуги на одложено плаќање,
вели Катерина Бошевска од ЕОС Матрикс.

 

Големи и мали

Каква е разликата во менаџирањето на паричниот тек кај малите и големите компании? Во принцип, малите бизниси ги имаат лоцирано сите активности во еден или неколку вработени кои водат целосна грижа за сите аспекти на бизнисот. Сe’ додека зборуваме за мали бизниси тоа е сосема во ред, велат експертите. Меѓутоа, носителите на тие активности мора да имаат широки познавања и редовни консултации со експерти од потесни области.

“Во услови кога зборуваме за компании од мал и среден обем мораме да внимаваме кога стоиме пред предизвикот за управување со ликвидноста затоа што во таквите компании секогаш има најмалку време за оваа активност. Главниот фокус е да се донесе бизнисот, да се преговара со клиентите на начин кој ги прави нив задоволни, често пати на штета на компаниите. Овде е потребна грижа од професионалци, и тоа дозирано умерено спрема обемот и потребите на компаниите“, вели Бошевска.
Најсоодветен одговор за компаниите од овој обем во услови кога се вртат во кругот околу проблематична ликвидност е да се зафатат со управување со нивните побарувања уште од првиот ден на издавање на фактурите и на тој начин да влијаат кон промена во навиките и практиките за плаќање на нивните клиенти. Бидејќи тоа подразбира ресурси и време, најпаметно е да се користи аутсорсинг услуга која може да подразбере дури и печатење, ковертирање и испраќање на фактурите како чекор 1 во процесот на управување со побарувањата. Со еден таков пристап, се елиминира ризикот од незадоволни клиенти бидејќи тој претставува пракса на делување на компанијата која клиентот ја знае уште во процесот на преговарање и договарање на условите. На тој начин уште во таа фаза се праќа сигнал или порака до клиентот дека компанијата води активна грижа за своите побарувања.

“Големите компании ваквиот пристап го имаат втемелено во своето делување. Истиот се почитува од страна на нивните клиенти. Компаниите од помал обем треба истото да го применат, но бидејќи не можат од позиција на пазарна моќ можат со вистински партнер кој ќе го направи на професионален начин.“, советува Бошевска.

 

 

One thought on “Како да останете ликвидни во 2016?

  1. “Koja e tockata koga treba da prestanat so kreditiranje” .Taa sekogas se pomestuva.Koga ke insistirame da se pocituva od strana na partnerot ,togas ke prestane sorabotkata.Izborot na malite firmi
    okolu ovoj problem e ????.KAZETE STO KE NAPRAVITE VIE AKO IMATE OBVRSKA PREMA NEKOJ DOBAVUVAC, A TOJ SEKOJ DEN VI SE JAVUVA I VI BARA PARI.
    STAV NA NASATA FIRMA E DA MU PLATIME I VISE DA NE SORABOTUVAME SO TAA FIRMA.
    TOA ZNACI IZGUBEN PARTNER !
    A NOV ZA DA SE PRIDOBIE TREBA VREME.

    LESNO E DA SE SOVETUVA.

    POZ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×