Како да разговарате со вработените кога не се продуктивни?
Објавено на од во луѓе и компании

Шефовите денес, особено во поголемите компании, мора секојдневно да се справуваат со вработени кои имаат различни вештини и стил на работа.

Во идеалниот свет, сите работат постојано и не грешат, па разговорите за продуктивност се непотребни.

Секако дека секоја кавга или судир е непријатна, но справувањето со такви ситуации е нешто што е дел од работата на секој менаџер. Еве дел од советите кои ги посочуваат експертите:

  1. Бидете директни, искрени и одмерени

Кога би ги прашале, поголемиот дел од менаџерите би се сложиле дека е битно да се биде директен и одреден за време на разговорот за непродуктивноста на вработените, и дека е важно да се даде искрена конструктивна критика. Притоа, велат експертите, добро е да посочете примери како работата се променила и зошто не успеваат да ги исполнуваат очекувањата – но избегнувајте генерализирање.

Одмерена и правовремена критика е клучна во овој случај. Што подолго некој проблем останува да „виси“, толку потешко може да се реши. Значи, што порано почнете интеракција, помалку ќе оставите простор за вашите вработени тоа да го гледаат како казнување. Освен тоа, така ќе им дадете до знаење дека се наоѓаат во околина која поттикнува личен развој.

Понекогаш е многу корисно и да илустрирате како однесувањето или работата на еден вработен влијае врз тимот, или врз компанијата во целина, и како тоа се одразува на неговото долгорочно вработување. Некои менаџери се користат и со визуелни алатки со цел да бидат што е можно појасни, преку употреба на табла и маркери со цел јасно да ги оцртаат клучните проблеми.

  1. Прашајте  и слушајте

Со цел да остварите продуктивен разговор, многу е важно да барате и повратна информација од вработените. Клучно е разговорот да биде двонасочен. Вработениот би требало да се чувствува слободен дека може да се изрази, а шефот би требало активно да слуша и да одговара.

Активното слушање им создава чувство на вработените дека можат слободно да се изразуваат и да ги споделуваат своите грижи и потреби. Тоа може исто така да му пружи на шефот корисни информации: тогаш може лесно да се заклучи зошто вработениот не е продуктивен и може да смисли потенцијални решенија.

Преку прашања, шефот дознава многу повеќе за атмосферата во компанијата и на време ги приметува важните проблеми со кои треба сите да се соочат.

  1. Заедно смислете решение

B-people at tableКога на вработените ќе им пружите можност заедно со вас да смислат решение, ќе се чувствуваат многу помотивирани за да станат подобри. Затоа многу врвни менаџери развиваат цели за компанијата заедно со вработените. Запишете ги целите и потрудете се сите јасно да разберат што се очекува од нив.

Кога ќе го прашате вработениот за неговите професионални цели, полесно ќе го разберете изворот на проблемите. Можеби вработените не се доволно ефикасни оти улогата што сте му ја доделиле не му одговара, па би било паметно да процените дали вработениот навистина е вработен на позицијата на која може да даде максимум според неговите вештини и интереси.

Ако моменталната позиција не е во согласност со неговата професионална аспирација, можеби им е потребна соодветна мотивација. Смислете ја идејата заедно со цел да ја прилагодите работата на вработениот според неговите интереси.

  1. Пружете им поддршка

Со цел да им дадете добра критика морате и вие самите да бидете позитивен пример. Никој нема да слуша недоследна и лицемерна личност.

Освен тоа важно е да пружите адекватна поддршка: треба да знаете каква помош им треба на вработените и колку често. Без конкретен план и повратна информација, вработениот нема да знае дали напредува кон целта и зошто не. Затоа шефовите барем еднаш неделно или месечно треба да им дадат повратна информација на своите вработени.

  1. Пофалете го трудот

Не е лесно да се прими дури и најсочувствителната конструктивна критика. Затоа е клучно шефовите да го препознаат и да го пофалат трудот на вработените. Кога ќе им го признавате нивниот труд, тие ќе бидат мотивирани да напредуваат и стануваат поефикасни.

Секако, за многумина финансиската награда најмногу може да влијае на мотивацијата, но исто толку значајна може да биде и пофалбата без разлика дали е јавна или приватно споделена.

  1. Преземете конкретни чекори

Понекогаш поддршката и тренингот не ја подобруваат ефикасноста на вработените. Тогаш е важно да преземете конкретни чекори со цел проблемот да се реши. Вработените кои постојано забушаваат, а не е можно да ги подучите, имаат токсичен ефект врв компанијата.

Затоа е важно да водите јасна документација за неефикасноста, договорените цели и континуираното забушавање – така шефовите многу лесно може да докажат дека отказот е единственото решение за некои од вработените.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×