Како да се поддржат стартапите: конференција утре во Скопје
Објавено на од во Start-up

Како да формирате компанија, што значи претприемач, како да најдете пари за својот стартап… и на уште многу прашања клучни за патот до успехот во бизнисот ќе може да слушнете одговори на утрешната конференција “Поддршка за МК стартап заедницата“ што ќе се одржи во ЕУ Инфо центарот во Скопје со почеток во 11 часот.

Конференцијата е финале на StartUp Europe Week што почна на 01.02 во понеделникот, а според агендата на настанот, на првата сесија ќе зборуваат претставници на различни институции и организации поврзани со самиот процес на основање компанија. Потоа своите искуства во бизнисот ќе ги споделат неколку претприемачи од Македонија, а на крајот презентација на можностите за финансирање и поддршка на стартап проектите ќе дадат претставници на инвестициски фондови и акцелератори.

Startup Europe Week се одржува на иницијатива на Digital Agenda EU, во ко-организација на EMKICE, StartupSelfie, Brainster, NewMan’s Business Accelerator, Inception Entreprise, COseed, Madi Group и Бизнис конфедерацијата на Македонија, а со поддршка на Европската комисија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×