Како да се создаде и мотивира еден тим за продажба
Објавено на од во МЕНАЏМЕНТ
group of businessmen with increase arrow signКомпаниите се одржуваат во живот и умираат според квалитетот на нивната продажбена работна сила. Еден импресивен тим за продажба може да направи одлична продажба на еден просечен производ или услуга, но еден несмасен тим нема да успее да направи продажба дури и со првокласна понуда.

Вработете продавачи во самата фирма.

Можеби ќе паднете во искушение да вработите надворешни агенти кои застапуваат производи од различни продавачи. Но вработувањето продавачи во самата фирма ви дава директна контрола над вашиот тим, и ви овозможува активно учество во планирањето и извршувањето на продажбената стратегија. Освен тоа, ваквиот персонал работи за вас и само за вас- неговата примарна цел е да ги продаде производите и услугите на вашата компанија. За разлика од него, надворешните агенти продаваат многу производи од различни продавачи и се слабо поврзани со вашата фирма.

Сетете се дека треба да платите 100% од трошоците поврзани со вработените во самата фирма, па затоа осигурајте се дека понудите кои ги дава вашата компанија ќе се продаваат доволно добро за да ги покријат тие трошоци.

Вработувајте внимателно

Многу луѓе сметаат дека можат на рибарот риба да му продадат- но вистинските продавачи се доста ретки. За да се пронајде creme de la creme, барајте продавачи со следниве карактеристики:

  1. Силно мотивирани од пари
  2. Желни за учење
  3. Самоуверени
  4. Спремни на предизвици
  5. Упорни
  6. Со натпреварувачки дух
  7. Добро поднесуваат одбивање
  8. Одлични слушатели
  9. Физички и ментално енергетични
Буква по буква кажете им ги вашитe очекувања

Секогаш разговарајте за целите на продажбата. Тоа може да ви помогне во изготвувањето на договор во кој ќе биде наведено што компанијата е спремна да направи за продавачот и обратно.

Обука, обука, обука

Колку повеќе ги обучувате вашите продавачи, толку поспремни ќе бидат тие во одговорањето на прашањата на клиентите и во извршувањето на продажбата. Вашите искусни продавачи треба детално да ги познаваат вашите производи, производите на конкуренцијата, и пазарот на кој се пласираат тие производи. Исто така ќе треба да ги обучите да ги разбираат потребите, искуството и грижите на нивните клиенти. Редовно одржувајте обуки и охрабрувајте го вашиот тим да посетува надворешни тренинзи и семинари поврзани со продажбата и индустријата во која делувате.

Мотивирајте го тимот со силен систем за надоместок.

Пред да започнете со вработување, убаво конструирајте го вашиот план за надоместок. Пристапот со провизија обично е најдобар, но би требало да вклучува основна плата. На тој начин, продавачот има загарантиран почетен приход- кој го стимулира моралот за време на неуспеси во фирмата. Стандардите за надоместок може да ги пронајдете во вашата трговска асоцијација.

Искористете ги нефинансиските мотиватори најдобро што можете.

Вработените сакаат да им се признае добро сработената работа, и да чувствуваат дека нивните претпоставени ги сослушуваат и реагираат на посоќените проблеми. Исто така е важно да им овозможите на вашите вработени да се чувсвуваат како дел од тимот. И не заборавајте ја моќта на додатоците- платени одмори, или породилно отсуство, или здравствено осигурување- кои можат значително да ви помогнат да си ги задржите најдобрите луѓе.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×