Како државите од Источна Европа ги помагаат стартапите?
Објавено на од во Start-up
Entering Startup
Да се има здраво ниво на претприемништво во една земја е одлична работа за секоја влада. Ако не за друго, тогаш барем заради тоа дека може да биде значителен извор на приходи. Но, за да можеш да береш плодови, прво треба да засееш. Или ако оваа изрека се однесува на владите, тогаш мораш да им помогнеш на оние кои имаат желба да основаат фирма да успеат да изградат бизнис кои ќе прави приходи и ќе може да плаќа даноци. Еве како земјите од Источна Европа ги поддржуваат стартапите и малите бизниси.

Во земјите со развиена инфраструктура на венчр фондови, помошта од бизнис ангелите и приватните венчр фондови може да биде сосема доволна за поддршка на стартапите, во земјите во развој, кои немаат развено ваква инфраструктура, поддршката од владите може да одигра многу голема улога.

Во продолжение се примери како владите во земјите од Источна Европа ги поддржуваат претприемачите и основачите на стартапи и кои се нивните напори кои ги прават со цел да останат атрактивни како бизнис дестинации.

Балтичките земји

EstoniaЕдна од светски најпознатите стартап нации Естонија има поставено прилично комплексен пристап кон нејзината инфраструктура за поддршка на претприемништвото.
Родното место на многу познатите технолошки компании како Skype, Transfer wise  и Grab Cad, Естонија креираше навистина плодна почва на која стартапите може брзо и лесно да растат. Во Естонија постои само еден фонд за финансирање на стартапи кој е поддржан од државата Arengufund, кој неодамна се пренасочи од директни инвестиции кон стартапи за да работи како фонд на фондовите заедно со венчр фондовите. Во декември 2013 година естонската влада се обврза да стави 60 милиони евра во новиот фонд за стартапи.

Исто така, во Естонија постои и специјална стартап државна субвенција, што уште повеќе го олеснува основањето на нов бизнис. Големината на субвенцијата зависи од неколку услови и може да достигне до околу 4.500 евра. Дополнително, Естонија привлекува стартапи и со својата брза и ефикасна администрација. Регистрирањето на фирма во Естонија одзема неколку минути за локален жител или неколку дена за странец, додека даночниот систем на Естонија е еден од најлибералните во светот.
Во Латвија, пак, има формирано владино тело Агенција за инвестиции и развој на Латвија, чија цел е да ги поттикнува малите бизниси и да обезбеди раст на потенцијалните бизниси. Државата се чини дека е многу заинтересирана за поддршка на малите бизнис, без да прави притоа разлика дали станува збор за стартапи од технолошкиот сектор или од другите дејности.

Владата на Латвија има воведено неколку грантови кои покриваат до 50% од трошоците за основање на нова фирма, како на пример заштита на интелектуалната сопственост, маркетинг, активности во истражување и развој…Исто така, постојат и субвенционирани кредити и гаранции за заеми, како и неколку венчр фондови, од кои најголемиот дел се повторно кофинансирани од државата.

Се на се, Латвија се чини инвестира огромни пари во изградба на својот претприемачки еко систем, без да посветува посебно внимание на технолошкиот сектор. Латвија е земјата која им нуди најголеми суми за директна поддршка на стартапите во споредба со останатите Балтички земји, кои повеќе преферираат индиректна поддршка.

Литванија не им нуди на стартапите особено голема директна поддршка. Како и да е има неколку венчр капитал фондови кои работат во рамки на ЕУ иницијативата JEREMIE (Joint European Resources for Micro to Medium Enterprises). Вкупната сума на пари контролирана од страна на овие фондови околу 100 милиони евра. Исто така во Литванија постои и посебен фонд Балтички Иновативен Фонд со околу 100 милиони евра, кој е управуван и кофинансирам од страна на владите на Балтичките земји и Европскиот инвестициски фонд. Во последно време Литванија почна да привлекува стартапи за развивање на игри.
И секако Литванија е исто така добра како и другите Балтички земји кога станува збор за едноставноста во основањето на нови бизниси.

Централна Европа

SlovackaВо Чешка, која е дом за неколку интернационални старт –апи и поголеми компании како Socialbakers, AVG, и Avast, владата, изненадувачки не изгледа многу посветена да им понуди поддршка на претприемачите. Не постои значајна грант програма или фондови, иако чешката држава беше ко- основач на Technpark Pardubice, кој прогласи  банкрот пред една година.

Стартапите во Унгарија, како и во Литванија и другите ЕУ земји, имаат голем бенефит од програмата JEREMIE, согласно која околу 128 милиони евра се инвестирани во локалните мали и средни претпријатија. Вториот дел од програмата би требало да донесе дополнителни 145 милиони евра да ги поддршки претприемачите аспиранти во земјата.

Но, кога станува збор за локалната влада во главниот град на Унгарија, основан е економски концепт наречен Runway Budapest – Start-up Credo 2.0.2.0, кој се состои од различни мерки на директна и индиректна помош за старт апите. Програмата има високо поставени цели, и во неа се вели дека целта е „да ја претворат Будимпешта во главен старт- ап центар во Централна и Источна Европа до крајот на оваа декада“.

Во Полска, поддршката за претприемачите од ИТ сферата доаѓаат најмногу од The Polish Agency for Enterprise Development (PARP), со вкупен буџет од 7 милијарди евра предвидени за периодот 2007- 2013 година. Парите доаѓаат од ЕУ фондовите и се употребуваат за различни иницијативи, преку доделување грантови за претприемачите до финансирање на повеќе од 40 бизнис инкубатори.

Исто така постои истражување кое потврдува дека полските стратапи се најмногу финансирани од програмите на ЕУ, а не од локалните власти. Истражувањето потенцира дека до 2008 до 2013 година Фондот за Европски регионален развој има инвестирано 786.5 милиони евра во 5.938 полски проекти.

Владата на Словачка исто така беше активна во последните неколку години и направи неколку напори за да го поддржи и развие стартап екосистемот во земјата. Постои фонд кој е формиран од државата, потоа Фонд за иновации и технологии, како и два фонда финансирани од ЕУ JEREMIE иницијативата.

Дополнително, секои шест месеци,  се избираат четирите најдобри стартапи и се испраќаат во Силиконската долина на сметка на државата, како дел од Програмата Словачки старт- ап развој (Slovak Start-up Development Program).

Словенија, земја од 2 милиони луѓе и една од земјите со повисоки даночни стапки во регионот, успеа да развие достојна стартап заедница во последните неколку години. Но, локалните претприемачи за тоа не и даваат кредит на владата, иако постојат државни грантови од 72.000 евра и шема за поврзување, на која Словенија потроши 35 милиони евра во 2011.
Исто така, постојат одредени програми од ЕУ кои и се достапни на оваа земја, иако стартапите овде сами се финансираат,  а целата инфраструктура се чини е изградена од ентузијасти и од самите претприемачи.

Поранешните советски земји

startup-hiringВо европскиот дел на земјите настанати по распадот на Советскиот совет, владите постојано декларираат целосна поддршка за малите бизниси и старт- апи, а во некои случаи тие и навистина прават напори за тоа, но таа не секогаш е доволна.

Во Белорусија, постои еден начин преку кој владата директно може да им помогне на стартапите со финансирање, но само ако стартапите заемот го направат во Белоруската банка. Но дури и во овој случај, стартапите добиваат многу малку вистински пари кои се потребни делумно за плаќање на заемот.

Од друга страна, Белорусија го има поддржаниот од владата High Tech Park,место каде компаниите се ослободени од сите корпоративни давачки но плаќаат еден процент од нивниот обрт за да се одржи овој парк. Вработените кои работат во компаниите кои се наоѓаат таму, имаат намален данок на приход на рамна стапка од 9%, што е добра мотивација да се работи за ИТ старт- ап (инаку данокот на приход во нормални услови е 12%)

Меѓу компаниите кои се наоѓаат во овој парк се компаниите за развој на игри како Wargaming.Net (“World of Tanks”) и Nival (“Prime World”, “Blitzkrieg”).

Дополнително, во моментот белоруската влада размислува за идеа да започне да им ги враќа на организаторите на старт ап настаните дури до 50% од трошоците кои ги прават.

Единствениот знак на поддршка што може да се најде во Молдавија а кој се прави од страна на владата е владиниот документ за развој на ИТ индустријата, кој беше објавен на почетокот од 2013 година. Во него се вели дека четири инкубатори и три „иновативни центри“ би требало да се отворат, но до денес нема траги од исполнување на овие ветувања.

Русија, најголемата земја од овој регион, има посилно и пошироко учество на владата во старт- ап заедницата. Најголемиот игран на терен е RVC,  државен фонд лансиран во 2006 година за да се „охрабри оваа индустрија во Русија и да се засили капиталот во VC фондови“. Фондот располага со 832 милиони долари.

Друга, наводно државно поддржан фонд е Фондот за развој на интернет иницијативи. Тој е лансиран во 2013 година, а неговата мисија е да креира мрежа на акцелатори и да инвестира вкупно 148 милини долари во руските старт- апи за три години. Парите во овој фонд доаѓаат од неименувани приватни компании, но локалните медиуми велат дека компаниите се присилени да го прават тоа од самиот Владимир Путин. Дополнително, овој план за лансирање на овој фонд по прв пат беше најавен од Путин во 2012 година.

Инаку, има уште многу други помали и локални државни иницијативи во Русија кои би требало да им помогнат на стартапите да застанат на свои нозе, а постојат и неколку други технолошки паркови меѓу кои Skolkovo е најголемиот и најпознатиот од нив.

Во Украина, развојот на старт- ап инфраструктурата најмногу е водена од неколку ентузијасти и приватни VC фондови, додека владата засега дава само ветувања. Имено, постоеја планови во 2012 година да биде лансиран фонд во сопственост на државата од 10 милиони долари, но тој никогаш не беше лансиран.

Друг план како национален проект е “Technopolis” кој има за цел да „креира инфраструктура за иновации и висока технологија“. Единствената физичка манифестација од овој фонд е Bionic Hill technopark кој сега е изграден надвор од Киев. За несреќа, очигледно е дека владата на Украина има многу поургентни работи за кои треба да води сметка, што веројатно значи дека во блиска иднина стартапите и фондовите ќе се потпираат само на себе – исто како што правеа и досега.

Југоисточна Европа

startup-Ситуацијата со инволвираноста на државата во градењето на инфраструктурата за стартапи е прилично различна во земјите на Југоисточна Европа.

Постои регионална иницијатива Western Balkan Investment Framework (WBIF) која е формирана со цел да биде еден вид регионален венчр фонд кој управува со 40 милиони за поддршка на локални стартап компании.
Во Хрватска и Србија ситуацијата е нешто подобра во споредба со другите земји. Властите во двете земји го имаат декларирано нивниот интерес да ги поддржуваат стартапите, особено во областа на технологијата.

Хрватската влада од 2012 година ја има основано програмата Претприемачки импулс, кој главно се состои од поедноставување на процедурите за основање на бизнис, изземање на стартапи и мали фирми од обврската за плаќање ДДВ, како и нивна финансиска поддршка.
Во Србија, државата има почнато Програма за поддршка на ИТ индустријата. Помеѓу иницијативите во рамки на оваа програма се здружено финансирање со приватни инвеститори (до 25 илјади евра), основање на државно финансирани инкубатори и технолошки паркови, даночни ослободувања…

Во Романија постојат најмалку две владини програми за поддршка на малите бизниси, без посебен акцент на ИТ фирмите.
Бугарија може да се пофали со една од најниските стапки на данок на добивка во регионот со рамен данок од 10%. Дополнително, во Бугарија работат два стартап акцелератори LauncHub и Eleven, кои се финансирани од фондови од ЕУ кои управуваат со 21 милион евра за поддршка на новоосновани бизниси.

Крајниот заклучок е дека во повеќето земји од Источна Европа се гледа еден тренд на промена од земји кои порано беа само аутсорсинг дестинации во земји на стартапи и претприемачки нации и полека стануваа важни иновациски точки.
Нивото на поддршка од држава до држава се разликува. Но, како и да е, речиси сите покажуваат волја да го развиваат претприемачкиот и стартап дух. И ова во најмала рака е одлично, барем за почеток.

(Текстот е превземен од The Next Web)

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×