Како ќе изгледа пазарот откако Генерали ќе ја купи Илирика
Објавено на од во COVER STORY

Glavna fotka iОкрупнување кај домашните инвестициски фондови

Генерали во моментов управува со четири инвестициски фондови, со вкупна нето вредност од 34,5 милиони евра, во сопственост на околу 2.000 клиенти. По преземањето, компанијата ќе има во своето портфолио уште 3 инвестициски фонда и индивидуално управувано портфолио со околу 1.900 клиенти и со тоа ќе ги зголеми средствата на управување на преку 46 милиони евра и вкупно 3.900 клиенти, со што ќе стане втора компанија по пазарен удел во управувањето со инвестициски фондови. 
Најголем дел од пазарниот колач и понатаму го држи друштвото за управување инвестициски фондови КБ Публикум Инвест, кое менаџира со 4 фондови и според нивната нето вредност во моментов, учествува со речиси половина, односно 48% од вкупната вредност на сите инвестициски фондови што прибираат средства на домашниот пазар.
Покрај споменатите компании, значаен играч на пазарот е и друштвото ВФП Фонд Менаџмент, кое што менаџира со четири фондови, и зазема околу 23,7% од пазарниот удел, а сосема мало пазарно учество отпаѓа на друштвото  Иново Статус коешто  управува со  еден инвестициски фонд, и учествува  со 0,6% на пазарот.

 

cover-33Да беа околностите понормални од „новата нормалност“ што ја живееме среде пандемијата од Ковид – 19, веројатно топ економска вест деновиве во земјава ќе беше аквизицијата што ја најави Генерали Инвестментс, односно процесот на преземање на  Илирика Фонд Менаџмент, друштвото за управување со инвестициски фондови. Генерали Инвестментс АД Скопје е фирма – ќерка на најстарата компанија за управување со средства во Словенија, Generali Investments.
Трансакцијата ќе се случи по одобрувањето што треба да го даде регулаторот, Комисијата за хартии од вредност, а со ова преземање на Илирика, Генерали ќе стане  втора најголема компанија за управување со средства во земјава, со пазарен удел од околу 27%. Генерали (поранешното КД фондови, н.з.) е основано во 2008 година и во моментов управува со четири инвестициски фондови, со вкупна нето вредност од 34,5 милиони евра, во сопственост на околу 2.000 клиенти. По преземањето, компанијата ќе има во своето портфолио уште 3 инвестициски фонда и индивидуално управувано портфолио со околу 1.900 клиенти и со тоа ќе ги зголеми средствата на управување на преку 46 милиони евра и вкупно 3.900 клиенти.
„Ние ги интегриравме нашето одлично познавање на пазарот на капитал со знаењето за локалниот и глобалниот пазар. За сите наши клиенти наша цел е да понудиме иновативни и одлично управувани продукти кои се темелат на знаењето, ресурсите и силата на нашата Generali група“, рече Лазе Камчев, главен извршен директор на Генерали Инвестментс АД Скопје.
Најголем дел од пазарниот колач и понатаму ќе го држи друштвото за управување инвестициски фондови КБ Публикум Инвест, кое менаџира со 4 фондови и според нивната нето вредност во моментов, учествува со речиси половина, односно 48% од вкупната вредност на сите инвестициски фондови што прибираат средства на домашниот пазар.
Покрај споменатите компании, значаен играч на пазарот е и друштвото ВФП Фонд Менаџмент, кое што менаџира со четири фондови, и зазема околу 23,7% од пазарниот удел, а сосема мало пазарно учество отпаѓа на друштвото  Иново Статус коешто  управува со  еден инвестициски фонд, и учествува со 0,6% на пазарот.
Вредноста на инвестициските фондови постојано расте, но има уште многу потенцијал
Да потсетиме, инвестициските фондови се финансиски институции што вршат прибирање на парични средства од повеќе вложувачи и истите ги вложуваат во краткорочни и долгорочни хартии од вредност: акции, обврзници, записи, итн. Со собраните средства во фондот менаџира друштво за управување со инвестициски фондови. Имотот на инвестицискиот фонд е во сопственост на неговите членови пропорционално во однос на нивното учество во фондот и тој е одвоен од друштвото за управување со инвестициски фондови.
Во последниве неколку години на македонскиот пазар е забележлив континуиран пораст на нето вредноста на инвестициските фондови, па така ако на крајот од 2015 година таа изнесувала 46,6 милиони евра, на крајот од 2019 оваа вредност е 140 милиони евра, додека после првите шест месеци од годинава таа изнесува речиси 170 милиони евра. Нето вредноста (имотот) на фондовите го вклучува порастот на цените на инструментите во портфолиото на фондот (акции, обврзници, депозити и други инструменти во коишто вложува фондот), како и нето уплатите од страна на инвеститорите што се случиле во пресметковниот период.
Постојаното олабавување на монетарната политика во Македонија, односно намалувањето на основната каматна стапка, доведе до историски најниско ниво на банкарските каматни стапки и за депозити и за кредити, па очигледно е дека граѓаните и компаниите се’почесто решаваат да се свртат кон алтернативните форми на „штедење“, како што се фондовите. Иако, мора да се спомене, дека оваа форма на инвестирање е се’ уште далеку од нивото што го имаат поразвиените земји од регионов, како Словенија и Хрватска, на пример, а да не ги споменуваме развиените западни економии, каде што износите вложени во инвестициски фондови per capita се и до 20 – тина пати повисоки во однос на Македонија. Тоа значи дека постои уште многу простор за раст на фондовската индустрија, со оглед на фактот што каматните стапки во догледно време ќе останат ниски, а граѓаните, на пример, чуваат преку пет милијарди евра во домашните банки.
Инаку, минатата година беше мошне успешна за македонските инвестициски фондови, коишто забележаа високи приноси за своите членови. Па, така највисок пораст имаше фондот КБ Публикум МБИ-10 од 33,4%, сосема логично, со оглед дека лани главниот индекс на Македонска берза имаше пораст од преку 30%, а овој е од т.н. индексни фондови, при што парите на инвеститорите се вложуваат во кошничка на акции пропорционална со акциите што го сочинуваат берзанскиот индекс МБИ-10, па како што се менува неговата вредност, така расте или паѓа вредноста на имотот на овие фондови.
Но, одличен принос лани имаа и ВФП Премиум Инвест, од 25%, Илирика Глобал – растечки од 19,4%, Генерали Топ брендови од 16,4%, итн.
Годинава, сликата е поинаква. Поради корона – кризата, големиот пад и нестабилноста на светските берзи изминативе неколку месеци, и приносот на домашните инвестициски фондови што вложуваат во акции на странските и домашната берза е низок, а во повеќето случаи и негативен.
Од почетокот на годинава, најголем пад на приносот има Генерали БРИК, од речиси 20%, потоа Илирика Југоисточна Европа од 13,2%, Генерали Нова ЕУ од 11,6%, КБ Публикум МБИ 10 од 8,7%, ВФП Премиум инвест од 8,5%, итн. Позитивен, иако минимален принос имаат КБ Публикум Паричен од 0,85%, Илирика Кеш Фонд од 0,81%, ВФП Кеш депозит од 0,6%, што значи сите оние што вложуваат во банкарски депозити.
cover-2Корона – кризата ги однесе во минус фондовите
Фондовите што имаат најголеми негативни приноси во првите пет месеци годинава инвестираат во акции на компании во развиените земји, како и пазари во развој, што може да се види и од самите нивни називи. Со оглед на тоа што берзите низ светот имаат големи падови во периодот кога почнаа затворањата на економиите поради корона – кризата, не се изненадувачки овие резултати, велат берзанските аналитичари што ги консултиравме на темава. Фондовите што инвестираат во акции на компании всушност имаат највисок ризик по нивните инвеститори, но и највисоки потенцијални добивки или пак загуби, како во случајов годинава со корона – кризата.
КБ Публикум обврзници, пак, има минимален принос во првите шест месеци, од 0,35%, додека ВФП 100% Бонд, има мал пад од 0,24% – фондови коишто инвестираат во обврзници. Тоа е фонд што вложува во должнички хартии од вредност, карактеристични по релативно ниското ниво на ризик, но и пониски приноси.
04-10-5 korekcijaКБ Публикум Балансиран, фонд којшто вложува во повеќе категории на инструменти, со цел воспоставување некое средно ниво на ризик, има негативен принос од 4,2%.
 „Појавата на коронавирусот имаше и се’ уште има негативни ефекти врз економиите во светот. Во услови на неизвесност и страв од последиците на економските перформанси на компаниите, следуваше пад на цените на акциите и зголемување на распоните помеѓу првокласните обврзници и високо – ризичните обврзници. Овие падови кои беа евидентни на домашниот и странските пазари на капитал се причината за падот на цената на уделите на инвестициските фондови“, коментира Горан Марковски, главен извршен директор на Друштвото за управување со инвестициски фондови, КБ Публикум.
Вложувањето во фондови е на подолг рок, не треба да се реагира панично
Марковски вели дека вложувањето во удели во фондови што инвестираат во акции е вложување на подолг временски период што подразбира дека инвеститорот има временски хоризонт од најмалку 3 години, па затоа не би требало да реагира панично во услови на вакви шокови.
„Поаѓајќи од претходни искуства на движењата на пазарите на капитал во услови на рецесија на економиите, може да се заклучи дека инвеститорите треба да носат рационални одлуки и овие падови да ги искористат за дополнителни вложувања кои ќе им обезбедат подобар принос во наредниот период. Затоа сметам дека инвеститорите не треба да носат емотивни одлуки, да останат доследни и дисциплинирани во инвестирањето и на тој начин да ги максимизираат ефектите“, сугерира Марковски.
Од Генерали Инвестментс сметаат дека во моментов состојбата на светската економија е слаба, а иднината е нејасна.
„Нерешените тензии од минатото (меѓу САД и Кина, протестите во САД, разговорите за Брегзит во Европа и обновените тензии на Корејскиот Полуостров) носат дополнителна неизвесност на пазарите. Затоа е неопходен балансиран пристап кон инвестициите, со поголем удел на индустриите кои подобро ќе ја издржат оваа криза. Пазарите остануваат непредвидливи и многу нестабилни.“
Диверзификација на портфолио е чекор во вистинската насока, советуваат од Генерали.
„ Инвеститорите со долгорочни инвестициски цели треба да продолжат со месечни уплати, а оние што би вложиле поголема сума, треба да ја распоредат на подолг временски период. Пазарите може да продолжат да растат како резултат на сегашниот оптимизам и свежо печатените пари, но видовме пред четиринаесет дена дека привремените корекции се многу брзи и длабоки. Ваквите промени може да се очекуваат и во иднина, така што во овој момент, кога сме блиску до нови рекорди, диверзификацијата е неопходен начин за заштита на портфолиото.“

FOto za ramkaПростор за менување на навиките и преземање на поголем ризик

Сè уште две третини од средствата во домашните инвестициски фондови се вложени во паричните или „кеш“ фондови, кои се со најмал ризик, но и најмал принос.
Карактеристично за пазарот на домашните инвестициски фондови е што, сепак, најголем дел од средствата во моментов се вложени токму во овие фондови, или речиси 68% (или 115 милиони) од вкупно 170 милиони евра колку што изнесува вредноста на сите фондови после првите шест месеци од годинава. Најголем според вредноста е КБ Публикум – Паричен со околу 61,4 милиони евра (пораст на вредноста за 42% во 2019-та), пред Генерали Кеш депозит со вредност од околу 30 милиони евра, порасната за 7,33% лани и принос на фондот од 1,73%, потоа ВФП Кеш депозит со околу 15 милиони евра и пораст на вредноста од 3,76%, како и принос од 1,42%, и на крајот Илирика Кеш фонд со вредност од без малку 9 милиони евра, пораст на нето вредноста од 72% и принос од 1,73% лани.
Овие фондови првенствено се користат за поконзервативно инвестирање во банкарски депозити од страна на правни лица во функција на краткорочно управување со вишоци на средства. Како што ни објаснија од фондовите што ги контактиравме, најчести вложувачи во паричните инвестициски фондови се компании коишто сакаат да остварат повисок принос од приносот на трансакциска сметка на ликвидните средства што им се потребни за краток период, односно замена за средствата на трансакциска сметка на која не се остварува принос или е минимален.
Од она што се гледа како слика за домашните инвестициски фондови е потребата да се зголеми мотивот за инвестирање кај домашните физички и правни лица во фондовите што имаат поголем ризик, но и далеку поголеми стапки на принос. На пример, минатата година се забележува дека најголем принос имале фондовите што вложуваат во акции, и тоа КБ Публикум МБИ – 10 којшто вложува во кошничка акции што го сочинуваат главниот индекс на Македонска берза, којшто само минатата година имаше пораст од 34%, а за последните три години кумулативно, преку 112%. Но, одлични беа и приносите на ВФП Премиум инвест, од 25%, Илирика Глобал – растечки пазари од 19,44%, Генерали Топ брендови од 16,4%, Генерали БРИК од 14,4%, Илирика Југоисточна Европа од 13%, итн.
Ова покажува дека вложувањата и на берзите од развиените пазари, каде што македонските фондови „ги вртат“ парите на своите клиенти, како и на пазарите од брзо растечките земји во развој од светот и регионот, како што имплицираат и самите имиња на фондовите, биле мошне исплатливи минатата година, неспоредливо поисплатливи одошто оставање на парите во банка како депозити со камати веќе пониски и од 2%.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×