Како Израел стана стартап нација
Објавено на од во Start-up

Izrael 914 WEB glavnaНаучивме од прва рака

Осум и пол милиони луѓе населени на едвај дваесетина илјади квадратни километри – Израел е мала земја, сместена во пустина, практично без природни ресурси, заокружена од сите страни со непријателски држави, постојано на штрек заради безбедносните ризици. Во ваков амбиент, Израел е дом на 3000 активни стартапи, 300 истражувачки центри на мултинационални компании – Microsoft, Google, IBM, Samsung, Oracle, Dell, Siemens, Visa, PayPal…нема кој не е таму – потоа  100 и кусур венчр фондови, 200 и кусур акцелератори, а секоја година се случуваат аквизиции на технолошките стартапи што вредат и по неколку милијарди долари. Најновата ја направи Intel, купувајќи го Mobileye за дури 15 милијарди долари. Како е тоа можно, ни раскажаа Ханан Бранд и Михаел Мизрахи, претставници од израелската стастап сцена, гости на настанот “Како Израел стана стартап нација“ што го организираше Сеавус инкубаторот во Скопје.

 

Mobileye e израелска технолошка компанија за којашто веројатно не сте чуле, но веројатно ќе ги начулите ушите кога ќе дознаете дека се продадоа за 15 милијарди долари на гигантот Intel, во март годинава. А, зошто Intel се заинтересирал токму за нив и оценил дека Mobileye му вреди толку пари? Затоа што компанијата формирана пред 18 години во Ерусалим како дел од тамошната стартап сцена, развива напредни решенија за моторни возила што превенираат и ублажуваат последици од несреќи во сообраќајот. Оптичките системи со алгоритми за детекција на движењата се применуваат во возилата на General Motors, BMW, Volvo, а заинтересирани се и други производители, особено оние амбицирани во развојот на автономни возила, како Tesla, Google и др. Е, токму потенцијалот на автономните возила, она што допрва треба да го смени ликот на целата автомобилска индустрија, беше главниот мотив на Intel, и самиот развивач на микропроцесори и останати технолошки решенија  во ИТ секторот, да испрати понуда што основачите и сопственици на Mobileye не можеа да ја одбијат.

Mobileye со оваа аквизиција всушност стана круната во израелското стартап царство, најголемата аквизиција во технолошката индустрија на земјата досега и ја отвори сезоната на продажби на израелските стартапи за оваа година, која што судејќи според висината на сумата дадена за нив, ќе биде убедливо најуспешна во стартап историјата на Израел. А, како што ни презентираа Ханан Бранд и Михаел Мизрахи, претставници на тамошната стартап индустрија на настанот одржан во Сеавус инкубаторот пред неколку денови во Скопје, нивната земја е во светскиот врв според бројот на преземања  што големи светски компании ги прават со израелски стартапи, како и според износот на зделките.

“Само во 2016 година имавме преземања вредни девет милијарди долари, а годинава, очигледно ја почнавме со 15 милијарди аквизиција на Mobileye, па очекуваме да биде рекордна.“, истакна Бранд, инаку, ко-основач на Cornerstone Venture Partners, инвестициски фонд за вложување во стартапи, моментално “тежок“ 25 милиони долари, еден од преку стотината што трагаат по профитабилни бизнис идеи во Израел.

Izrael 914 WEB frejm
Војската како школо за тренинг на претприемачи

Зошто е битно искуството на Израел во развојот на сопствената стартап приказна? Затоа што е фасцинантно да се чуе како оваа мала, пустинска земја, практично без природни ресурси, со сите политички и безбедносни предизвици со кои што се соочува, а сите добро ги знаеме – стана глобален лидер во претприемништво, иновации и развој на стартап култура. И покрај општо распространетото мислење дека  тајната на успехот на Израел како стартап дестинација, и воопшто економскиот подем на оваа земја формирана како држава во 1948 година, се должи на некаква религиозна  и етничка исклучителност, сплотеноста  на Евреите, поддршката од САД, и сл., причините во основа се многу поприземни и попрактчни.

Гостите говорници на конференцијата на Сеавус насловена “Како Израел стана стартап нација“ објаснија всушност дека во сржта на нивниот успех е всадувањето на културата уште од најмали нозе, да не се помируваш со никаков проблем, туку веднаш да бараш решение. И постојаното чувство на незадоволство со актуелните состојби во било која област, култура каде што индивидуалците нонстоп се плеткаат со технологијата, како и владините политики за поддршка на стартапите.

“Ние сме всушност нација што ‘обожува’ проблеми. Нашата историја на некој начин ни наметнала вечна неизвесност и проблематични ситуации, за кои што ние сме морале постојано да бараме решенија. Просечен Израелец и да види на улица како редица луѓе долго време чекаат за нешто, тој ќе си рече, е па зошто вака да биде, ајде да направиме некаква апликација да го поедноставиме тоа, ова не смее да биде проблем“, објасни Ханан Бранд пред присутните македонски претприемачи. Тој додаде дека подемот на Израел како напредна технолошка нација особено се засилува после 1990-та, откако по распадот на Советскиот сојуз, огромен број Евреи од советските републики се доселиле во Израел, а меѓу нив имало многу научници, лекари, инженери, па таа концентрација на ум  на земјата ѝ дало силен импулс во развојот на технолошките капацитети, претприемништвото, иновативноста, итн.

Бранд во овој контекст се осврна и на книгата издадена во 2009 година , наречена “Стартап нација“ од авторите Дан Сенор и Саул Сингер, кои што израелското стартап чудо го објаснуваат со два главни фактори: задолжителниот долготраен воен рок и имиграцијата. Авторите веруваат дека израелската армија на идните потенцијални претприемачи им пружа можност да развијат разни вештини и остварат многу контакти. Како што објасни и самиот Бранд, во нивната војска не е толку строго поставена хиерархијата како што е тоа вообичаено за армиски систем.

“Во средина каде што исклучително се цени креативноста  и интелигенцијата, вие можете на вашиот претпоставен да му кажете дека не е во право за нешто и да понудите подобро решение, без оглед на неговиот ранг. На 19-20 години може да дојдете во ситуација да командувате со единица од 20 луѓе, што за толку млад човек е голема одговорност, но и градење искуство  и менаџерски вештини што потоа имаат големо значење во развојот на кариерата по воениот рок. Приморани сте со минимум инструкции од врвот, да се снаоѓате, носите одлуки, импровизирате, дури и ако тоа понекогаш значи кршење на некои правила.“, истакна Бранд.

Izrael 914 WEB brojkiЕрусалим од град на конфликти стана град на стартапи

Имиграцијата пак, има, исто така голема улога во израелскиот економски подем. “На имигрантите не им е непознато да почнуваат сè од почеток. Тие по дефиниција се преземачи на ризик. Па така, нацијата на имигранти станува нација на претприемачи. Израел многу пати во историјата била земја на имигранти, 9 од 10 еврејски Израелци денес се имигранти или потомци на имигранти од прва или втора генерација. Оваа специфична демографија, е голем поттик за пробување на среќата и  преземање ризик, затоа што имигрантите немаат што да загубат“, велат авторите на “Стартап нација“.

Невообичаените околности во кои што се развивала израелската држава, проблематичните односи со Палестинците и околните арапски држави што наметнуваат постојан ризик од судири и воена состојба, уште повеќе ја зголемуваат зачуденоста на светот околу неверојатниот подем на стартап културата на Израел. Но, како што истакна гостинот на Сеавус, Михаел Мизрахи, директор на бизнис акцелераторот АtoBe во Ерусалим и директор за иновации и развој во Азриели Колеџот за инженерство, сето ова од друга страна ги натерало тамошните претприемачи да бидат страшно креативни и  интуитивни.

“Вие во Македонија како претприемачи може да размислувате за пробив во регионот прво, пред да развивате стратегија за глобална експанзија на вашите продукти. Ние во Израел не можеме да си го дозволиме тоа. Свесни сте кој е нашиот регион, така? Каде ние ќе одиме надвор од Израел, ако не веднаш на светскиот пазар? Вие од Скопје и со автомобил може да стигнете до Виена за десетина часа, ние мораме за сите комуникации со Европа да користиме скапи авионски билети. Затоа ние ги натеравме сите светски технолошки гиганти да дојдат кај нас, и покрај сите ризици што ги носи Израел. Зошто дојдоа? Затоа што видоа дека има многу креативен талент на едно место, многу потенцијал за развој на продукти со висока додадена вредност, и голема поддршка од државните фондови. Сите отворија свои истражувачки центри, и во соработка со нашите универзитети и стартап акцелераторите се создава синергија која резултира со продажби од неколку милијарди долари по стартап. Вие во Македонија не смеете да се рекламирате како дестинација на ниски плати. Ако дојде еден Cisco заради ниските плати, тие ќе останат ниски. Но, ако дојде заради талентот и квалитетот на инженерите, тогаш платите ќе растат “, поентираше Мизрахи.

Тој додаде дека во Ерусалим, познат по кревките  меѓурелигиски  и меѓуетнички односи и вечно на работ на конфликти, успеале да направат рај за стартапите, во што помогнала и платформата Made in Jerusalem – MadeinJLM, непрофитна организација која што ги поврзува претприемачите, истражувачко – развојните центри, универзитетите и научните институти, инвеститорите и сето тоа со цел да се развива ерусалимскиот иновациски екосистем.

“Во 2016 година во својата база на податоци MadeinJLM  имаше повеќе од 500 стартапи, од кои што 150 во биотехнолошката индустрија, 250 во интернет, мобилниот и софтверскиот сектор, 100 во чиста енергија, микропроцесори и индустриски технологија. Во последниве три години повеќе од 100 стартапи годишно се отвораат во Ерусалим. Во 2015 година Time магазинот го одбра Ерусалим како еден од петте најбрзо растечки технолошки хабови во светот “, истакна Мизрахи.


Што може да се научи од израелската стартап филозофија

  • Во ред е да не се успее
    …но ако паѓаш, паѓај побрзо
  • Барај ги болните точки
    Вљуби се во проблемите, а не во решенијата
  • Размислувај  “out of the box“
    Не прифаќај “Па така сите прават“ како одговор
  • Размислувај глобално од првиот ден
    Ниеден стартап не може да успее затворен дома
  • Поврзувај се
    Никој не може да успее сам
  • Брендирај се
    Ако никој не знае за твојот производ – исто како да не постоиш

Израел  на светската стартап мапа…
според World Economic Forum

Земјата е во самиот светски врв кога станува збор за развиеноста на стартап инфраструктурата, иновациите, истражувањата и технолошкиот развој
  • Иновации (Бр.2)
  • Расположливост на пари од венчр фондови (Бр.2)
  • Компаниско трошење за истражување и развој (Бр.2)
  • Квалитет на истражувачки институции (Бр.3)
  • Поврзаност на универзитети со компаниски истражувања и развој (Бр.3)

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×