Како ќе ја врати компанијата на старите патеки?
Објавено на од во луѓе и компании
 Откако пред две години Нокиа го продаде своето производство на мобилни телефони на Мајкрософт, пред финскиот гигант останува предизвикот да ја поврати старата слава во светската индустрија за телекомуникациска опрема.

Во последните неколку години, Нокиа помина низ низа промени. Оние во доцните дваесетти најверојатно имаат убави спомени од овој бренд, бидејќи многу веројатно некогаш го користеле популарниот модел 3210. Кон крајот на 90-тите и на почетокот на новото столетие, финската компанија беше најголемиот светски произведуач на мобилни телефони.

Извршниот директор и претседател на Нокиа, Раџив Сури, можеби е најзаслужен за новиот правец по кој се движи финскиот мултинационален гигант. Во април минатата година, еден месец пред неговото назначување, Мајкрсофт официјално го купи одделот за мобилни телефони на Нокиа, во обид да им конкурира на Apple и Samsung на глобалниот пазар. Со овој потег на претхониот извршен директор Стефен Елоп, Нокиа доби очајна потреба од ново и силно лидерство.

Откако во мај минатата година Сури застана на чело на компанијата, многумина се двоумеа дали всушност тој е вистинскиот човек кој треба да го води гиганот. Тој е роден во Њу Делхи во 1967 и поседува сингапурско државјанство. Високото образование го започнува на отсекот за електротехника и комуникациски инженеринг на Технолошкиот институт „Манипал“. Најпрво започнува да работи за компанијата „Calcum Electronics“ во Индија, односно нигеријската „Churchgate Croup“, пред да се приклучи на финскиот гигант во 1995. Усовршувајќи го своите вештини во делот на мобилни мрежи, податочна аналитика и интернет бизнис, тој станува идеален кандидат за нов извршен дирекрот на Нокиа.

Турбулентен период

Сури има задача да ги искористи своите вештини, како на компанијата би и ја вратил старата слава. Оваа 2015-та година е навистина турбулентен период за финскиот гигант, кој продолжува да трага по својата основа со цел да обезбеди профитабилност на долгорочен план. Според податоците од последниот финансиски извештај на Нокиа, вредноста на акциите во привот квартал од 2015 е опадната. Ова претставува изненадување за многумина, со оглед на тоа што нето-продажбата во тој период изнесуваше 3,2 милијарди евра, или 20% повеќе од истото тримесечје претходната година  „Останувам уверен дека нашиот оперативен модел, кој се фокусира на менаџирање со трошоците и моменталниот обем на нашето портфолио, ќе ни овозможи да се соочиме со нашите цели во оваа 2015 година. Кратко по извештајот, објавивме за склучениот договор постигнат со Алкател- Луцент. Стратешката цел е прилично голема и веруваме дека сето ова ќе обезбеди долгорочна придобивка за акционерите на двете компании, Нокиа и Алкател“, изјави извршниот директор на Нокиа.

FINLAND-FRANCE-TELECOM-ALCATEL-NOKIA

Договорот со Алкател вреден 15,6 милијарди евра, би можел да ја „воскресне“ Нокиа во период кога најмногу е потребно. Одлуката за купување на Алкател-Луцент, ќе му помогне на финскиот гигант повторно да стане главен играч на телекомуникацискиот пазар. Нареден чекор за извршниот директор е Нокиа да вметне некоја новина. Компанијата се наоѓа пред голем предизвик, бидејќи во периодот пред да го купат, Алкател разви различен систем на оперативна контрола и потребно е  време за консолидација на менаџерските стилови.

„Нокиа и Алкател се стремат да ја предводат следната генерација на технолошки мрежи и услуги, со цел да создадат непречена поврзаност помеѓу луѓето и работите каде и да се наоѓаат. Очекуваме да бидеме лидер во секоја област во којашто ќе одлучиме да се натпреваруваме. Потребно е да го зголемиме растот на добивка, да ги запознаеме барањата на глобалните потрошувачи, да развиваме нови технологии и да создадеме вредност за нашиот акционери“, вели Сури.

Пробив на кинескиот пазар

Присуството на Нокиа во најголемата светска економија претставува клучна фигура во сложувалката на компанијата. Поволната позиција на кинеско тло делумно се должи на помошта која ја пружи Нокиа преку големиот број инфраструктурни проекти во внатрешноста на земјата. Пред се тоа се однесува на развојот на мобилните телекомуникациски мрежи „TD-SCDMA“ и „TD-LTE“, кои преставуваат глобален стандард уште од 1998 година. Во изминатите две децении, финскиот гигант даде поддршка и помош за градење на овој „ланец“ од мрежи, вклучувајќи управување, истражување, развој, производство, логистика, маркетинг, продажба и услуги на производот.

До денес, компанијата има 47 комерцијални „TD-LTE“ мрежи на шест континенти, а докажано е дека овој технолошки стандард е особено важен за кинеските оператори. Сето тоа резултира со добивањето награда од кинеската влада во 2014, додека во април оваа година Сури се стекна со најголемата награда за заслужни граѓани кои немаат кинеско државјанство, „Марко Поло“.

„Нокиа во Кина е присутна од 1982 година и како пионери во телекомуникацискиот сектор, ние сме горди од нашата улога во земјата која станува лидер во светската економија. Оваа награда ја признава нашата иновативна сила која стои зад TD-LTE мрежите и нашата макотрпна работа во оваа земја“, изјави Сури.

Платформата „Here“ парира на „Google Maps“

Една од областите кадешто Нокиа го направи најголемиот прогрес е одделот „Here“. Целта е на потрошувачите да им се обезбеди алтернативна платформа на „Google Maps“. Финскиот гигант генерира приход благодарение на Амазон кој ја користи „апликацијата“ како поддршка за сопствениот таблет Kindle Fire, како и употребата во големите германски гиганти до автомобилската индустрија, Ауди, БМВ и Мерцедес Бенз.

Речиси 80% од автомоболите коишто имаат вграден ГПС систем за навигација, ја подржуваат оваа платформа на Нокиа. Според извештајот на „The Wall Street Journal“, германските производители не се задоволни поради претплатата, здружувајќи ги силите за да се здобијат со контрола врз мнозинскиот пакет акции на платформата.

„Но најголемата закана за автомобилската индустрија би бил Google, кој развива и операра со самоуправувачки автомобили, кои ги прави достапни за секого“, вели неименуван извор за весникот.

Конзорциумот на германските произве- дувачи на автомобили има намера да го стави Google во сенка и да ја преземе контролата на она што многумина го нарекуваат, најсофистицирана услуга за навигација на пазарот. Тие планираат да развијат и сопствен сервис со цел да му парираат на самоуправувачките автомобили на Google“, пишува во извештајот.

Последните изјави на извршниот директор Сури навестуваат дека договор со Нокиа е веќе склучен за продавање на платформата „Here“.

На крајот, Нокиа ја продолжува својата „авантура“ која трае веќе 150 години. Оние кои се грижат за нејзиниот успех, се надеваат дека Сури ќе може да го однесе финскиот гигант на едно повисоко ниво.

Nokia sediste

Главниот влез на седиштето на Нокиа во Еспо, Финска


Нокиа во бројки

1865г.-основана

12,7 милијарди евра – приход во 2014 г.

1,17 милијарди евра – профит во 2014 г.

61.600 вработени

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×