Како македонските општини ги трошат буџетите?!
Објавено на од во Економија

Општините како бунар без дно! Годишно трошат над 730 милиони евра, 250 милиони евра само за плати!

opstini-evra-876
Сите 80 општини годинава планираат да потрошат вкупно 734,7 милиони евра, што е четвртина од државниот буџет и 8,1% од бруто домашниот производ (БДП). Третина од овие пари, односно 248,2 милиони евра градоначалниците ќе ги потрошат за плати и надоместоци на вработените и речиси идентична сума од околу 254,3 милиони евра за инвестиции во инфраструктурата. Најмногу пари од сите 80 општини во Македонија, годинава ќе потроши Карпош, и тоа 32,2 милиони евра, додека пак, со најмал буџет располага Пласница. Град Скопје годинава планира да потроши вкупно 112 милиони евра, што е 15% од парите што вкупно ќе се потрошат на локално ниво од страна на сите локални самоуправи. Вкупно во Скопје, Градот и општините ќе потрошат 268 милиони евра односно 36% од сите расходи планирани на локално ниво во земјата.
Бројки:
734,7 милиони евра ќе потрошат годинава сите 80 општини годинава што е околу четвртина од централниот државен буџет и 8,1% од бруто домашниот производ (БДП)
33,8% од сите буџетски пари или  248,2 милиони евра од буџетите на општините ќе завршат за плати и надоместоци на вработените
34,6% од целата сума на пари со која што располагаат локалните власти или 254,3 милиони евра планираат да инвестираат општините во локалната инфраструктура

Ако се анализира структурата на трошењето на општинските пари, произлегува дека третина од парите завршуваат за плати и надоместоци на вработени, уште толку за инвестиции во општинската инфраструктура и остатокот за други тековни потреби. Или попрецизно, од вкупно 734,7 милиони евра, општините годинава за плати и надоместоци на вработените ќе наменат 248,2 милиони евра, а за инвестиции во инфраструктура вкупно 254,3 милиони евра.

Најголем дел од општинските каси за плати одвојува Арачиново, која што дури 61,8% од парите ги троши за вработените. Во апсолутен износ, за плати и надоместоци Арачиново годинава ќе потроши 1,15 милиони евра. Со удел од 59% во вкупниот буџет, второ рангирана општина што троши најмногу пари за плати е Дебар. Потоа следуваат Виница со удел на платите и надоместоците за вработените во буџетот од 58,4%, Гостивар и Долнени со по 52,7%, Јегуновце со 52,3%, Кичево со 51,8%, Сарај со 51,3%, Струга со 51,1% и Студеничани која половина од буџетот годишно го троши на плати.

Најмалку пари за плати како удел во целиот буџет трошат општините Пласница која за оваа намена одвојува само 12,5% од парите, Новаци со удел од 13,3% и Илинден со 17,9%.

Во апсолутни износи, најмногу пари за плати всушност трошат најголемите општини каде што има и најмногу вработени, па така лидер на таа ранг листа е Град Скопје со сума од речиси 21 милиони евра, потоа следува Тетово со 14,3 милиони евра, Куманово со 13,4 милиони евра.

Ако се анализира, пак, сумата што општините ја трошат за плати споредено со бројот на жители, произлегува дека најмногу пари за плати по жител годинава ќе потроши Македонски Брод, и тоа 226,6 евра по жител. Во Новаци, годишната плата на вработените ги чини граѓаните на оваа општина по 192,2 евра, во Старо Нагоричане по 190,6 евра, во Дојран по 185 евра и во Долнени по 157,6 евра.

Целиот текст може да го прочитате во магазинот Капитал, бр.876/877 од 12 август или на линкот https://kapital.mk/kako-makedonskite-opshtini-gi-troshat-budhetite/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×