Како недопирливите „преку ноќ“ се најдоа на дофат на правдата?
Објавено на од во АНАЛИЗА

BN-SB496_romani WEBГолемата преобразба на земјата што беше синоним за корупција

Лаура Ковеши, шефицата на романската Национална канцеларија за борба со корупцијата, е двојно попопуларна од Владата на земјата, благодарение на резултатите од нејзиниот антикорупциски лов. Откако таа е на функцијата, не само што Романија веќе не е синоним за корупција и криминал, тука променет е и менталитетот на целата држава. „Луѓето конечно сфатија дека не е потребно да плаќаат мито за да си ги остварат своите права“, е изјава на Ковеши

 

Проблемите што предизвикуваат недоверба на јавноста во судството, кога политички и бизнис моќници се извлекуваат без пресуди и во најочигледните случаи на вина, долго ја следеа Романија. Земјата беше синоним за корупција и криминал, особено по падот на железната завеса. Во Букурешт и другите романски градови владееја корумпирани политичари и локални шерифи, а проценките беа дека само поради корупција Романија губи можеби 15% од БДП годишно.

Колку да се рече, Романците во 2003 годна основаа Национална канцеларија за борба со корупцијата (Direcţia Naţională Anticorupţie – DNA), но таа речиси ништо не работеше до 2013 година. Тогаш на чело на DNA застана Лаура Ковеши, најмладата државна обвинителка која одлучи неодложно да се зафати со демонтажа на корумпираниот систем на функционирање на општеството.

Ковеши, штом седна во новата канцеларија одлучи да се пресмета со сите кои во својот џеб тутнале макар едно незаслужено евро. Резултатот од нејзиниот „лов“ е апсолутно вчудоневидувачки – армија од 120 обвинители работи на скоро 6.000 случаи, меѓу кои многу се однесуваат на комплетната поранешна романска политичка и бизнис елита. На обвинителна клупа се поранешни судии, адвокати, политичари, бизнисмени, пратеници, па дури и еден премиер.

BN-SB496_romani WEB 01

Дури 92% од прецесуираните на крајот се и осудени, а овие резултати доведоа до тоа DNA во Романија денес да биде двојно попопуларна од Владата. Значи, кога Ковеши сега би се кандидирала за претседател или би формирала некоја партија, многу веројатно е дека би славела на избори.

Најпознатиот случај што го води Ковеши е оној против поранешниот премиер Виктор Понта. Тој лани поднесе оставка на премиерската функција по повеќемесечните демонстрации поради загинатите 32 лица во ноќен клуб во Букурешт, но многу брзо се покажа дека проблемите на Понта тукушто почнале.

Во вратот му дишеше Ковеши, и набрзо беше поднесено обвинението поради проневера, затајување данок и перење пари. Обвинението се однесува на периодот меѓу 2007 и 2008 година, кога Понта бил државен обвинител.

„Таа е тотално непрофесионална обвинителка која само се обидува да си изгради име преку лажни податоци и измислени ситуации“, напиша разбеснетиот Понта на Facebook. Секако, шефицата на DNA не се загрижи поради ваквото обвинување, туку само продолжи да „копа“.

Ковеши се прослави и со случајот за Сорин Опреску, долгогодишниот градоначалник на Букурешт кој во 2015 година заврши со лисици на рацете откако DNA го фати „со прстите во медот“. Имено, Опреску со години водел/склучувал неверојатни бизниси/зделки со компании кои плаќале и до 70% од својот профит за да потпишат богати договори со градската власт. Парите ги делеле високите функционери, а 10% оделе во џебот на градоначалникот.

Исто така, поранешната министерка за туризам на Романија, Елена Удреа, доби шест години затвор поради перење пари и мито. Жалбата на Удреа сѐ уште е во процедура, а поранешната министерка обвинуваше дека обвиненијата од DNA се скандалозни, и оти нема шанси да оди во затвор.

BN-SB496_romani WEB 02

Секако, сите овие големи „трофеи“ на Ковеши ѝ донесоа голем број непријатели. Најголем меѓу нив е Дан Воикулеску, поранешен политичар и основач на Конзервативната партија, и еден од најбогатите Романци. Секако, и тој ѝ падна в раце на шефицата на DNA – осуден е на 10 години затвор поради перење пари. Имајќи предвид дека Воикулеску е најголем медиумски магнат во Романија, јасно е дека следеше битка против Ковеши преку неговите весници и портали. Во овие медиуми обвинителката ја „китеа“ со имиња, нарекувајќи ја „сталинистичка обвинителка“, а поради честите прислушувања неретко ја споредуваат и со Секуритате, злогласната тајна полиција од ерата на Чаушеску.

„Пред да дојдам во DNA, шест години бев романска обвинителка. Вкупно девет години сум во оваа работа и веќе се навикнав на критиките. За среќа, обичните луѓе ја препознаваат мојата работа“, изјави Ковеши за Guardian во 2015 година, додавајќи дека медиумските критики нималку не ја допираат.

„Битките со политичарите ги водам на неделна база. Внимавајте, тие секои две недели смислуваат некој нов закон со кој се обидуваат да ги ограничат нашите можности за истражување на нивните криминални дејствија. Интересно е што буквално никогаш не се обиделе да го подобрат законодавството за малку да ни помогнат“, вели шефицата на DNA.

За среќа на Романија, Ковеши има веќе разработена стратегија за излегување на крај со политичарите. Имено, секогаш кога тие ќе смислат нешто сомнително, таа ќе излезе во јавноста, народот ќе збесне, а политичарите ќе се повлечат.

„Уверена сум дека DNA го промени менталитетот на целата држава. Луѓето конечно сфатија дека не е потребно да плаќаат мито за да си ги остварат своите права“.

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×