Како ни е, а како можеше да ни биде? 
Објавено на од во COVER STORY

Naslovna-rozevaВизијата на „Капитал“ – што пишувавме за 20 години независност?

Прославата на 29 години независност на Македонија, ние во редакцијата на „Капитал“ ја одбележуваме во знакот на еден наш проект од пред 9 години, кога тогаш двете децении самостојна држава ги славевме со таканаречен „розов“  број на весникот, полн со измислени вести и анализи, во коишто клучните економски и политички проекти ги претставивме како да се веќе реализирани. 
Сликајќи една „розова“ реалност, допирајќи една утопија, сакавме да повикаме на одговорност што цели две децении зборуваме за крупни општествени промени -  од реформа на судството и јавната администрација, преку економски проекти, како изградба на клучни капитални инвестиции, коишто од избори на избори добиваат актуелност, па се’ до локални проекти како изградба на водовод во големи градови чии граѓани жедни го пречекаа 21 век.
Девет години подоцна од тој наш „фатаморганичен“ број единствена област каде што образот е „обелен“ и каде што визијата на „Капитал“ дочекала реализација во реалноста е решението на спорот со соседна Грција, членството во НАТО и одлуката за почеток на преговори што годинава ја донесе Брисел.

 

Во 2011, по повод славењето на 20 години независна Македонија ние во редакцијата на „Капитал“, одлучивме да направиме таканаречен “розов број” во којшто немаше ниедна вистинска вест или анализа.
Измисливме реалност, таква за каква што се залагаме ние, согласно темелите на нашата уредувачка политика и практично насликавме каква ќе ни беше државата ако две децении навистина се работеше во тој интерес, во интерес на граѓаните и на вистинската македонска визија.
И не само политичарите, туку создадовме една слика за тоа како ќе ни изгледаше општеството ако сите во својот двор, секој во својата област си работеше воден од идејата за држава.
Во тој број на “Капитал” пишувавме дека капиталните инфраструктурни проекти се изградени, училиштата модерни, образованието на завидна позиција, болниците скоцкани, стандардот во постојан раст, странските, ама пред се’ домашните инвестиции во бум, екологијата е висок приоритет, администрацијата професионална, судството полно со доверба и независност…
„Ауди гради втора фабрика во Македонија“, „Македонија ги исполнува критериумите на еврозоната“, “Повлечени 1,7 милијарда евра од европските фондови“, „Директна авионска линија Скопје – Њујорк“, „Груевски и Борисов го потпишаа Договорот за добрососедство“, „Почна со работа новиот клинички центар“, „Бројот на високообразовани искачен на 24 %“, „Тетовчани добија водовод“, „15 македонски компании меѓу топ 100 во Југоисточна Европа“, “Расте производството во индустријата“, „Потече струја од Чебрен и Галиште“, „380 километри автопат завршени на Коридор 8“, „8000 долари БДП по жител“, “Раст на економијата од 7,3 %“…. Ова се дел од насловите што објаснуваат каква сме ја замислувале Македонија во 2011.
Интересно,не?
Притоа, во нашата визија сите овие големи реформи ги припишавме на еден силен чекор – почеток на пристапни преговори со Европската Унија коишто многу помогнале.
Визијата што ја имавме, а што, за жал, ја немаа и политичарите
Во секторот политика нашата посакувана реалност и клучен потег за којшто сме се залагале во 2011 било следното – спорот за името со Грција е решен година претходно, Никола Груевски и Јоргос Папандреу (како тогашни премиери на двете земји) во Охрид организираат Самит, цела Европа им честита на храброста на двајцата лидери и македонско – грчкиот „рецепт“ се посочува како пример за решавање на останатите балкански спорови.
“Решението не беше лесно, но со посветеност и јасно зацртани цели за иднината се решава и најголемиот проблем” сме измислиле дека кажале двајцата лидери. Груевски кажал дека земјата со почетокот на преговорите е таму каде што сме проектирале и дека сега ни останува да работиме дома.
А тогашниот претседател на ЕК, Баросо “кажал” дека решавањето на спорот е доказ за лидерство кое носи тешки одлуки наместо да бега и дека да се биде голем лидер значи не да се биде воден од чувствата на граѓаните, туку да им се објаснува дека визијата за иднината на државата вклучува и тешки одлуки и времиња.
Понатаму во тој дел, пишуваме дека потпишан е Договор за добрососедство со соседна Бугарија и дека Груевски и Бојко Борисов кажуваат оти односите мора да се градат низ доверба и почит.
Сме пишале дека Македонија е европска светла ѕвезда во надворешната политика и дека таа светлина успешно сме ја искористиле за дома од корен да се промениме.
Просто неверојатно!
Визија! И доследност!
На “Капитал” тоа очигледно никогаш не му недостасувало, што не може да се каже за политичките и бизнис елити.
Сликајќи ја оваа „розова“ реалност, допирајќи една ваква утопија, ние тогаш всушност сакавме да повикаме на одговорност што цели две децении зборуваме за крупни општествени промени -  од реформа на судството и јавната администрација, преку економски проекти, како изградба на клучни капитални инвестиции, коишто од избори на избори добиваат актуелност, па се’ до локални проекти како изградба на водовод во големи градови чии граѓани жедни го пречекаа 21 век.
Во малите рамки на секој текст стојат наши забелешки:
„Ако во последните 20 години лидерите не се фокусираа на евтини политики со кои купуваа власт и во партиите и во државата, земјата денеска ќе беше рамо до рамо со Словенија, а самити од овој тип ќе беа реалност“…
„Ако во изминатите две децении министрите за здравство барем половина од времето поминато пред камери го потрошеа низ руинираните болници, новиот Клинички центар помпезно најавуван со години сега ќе примаше пациенти“…
„Реформите на администрацијата низ две децении завршија на хартија, ни создадоа партиски и непрофесионални службеници, кои ем не можеме да ги избркаме, ем некои и ги плаќаме да седат дома“….,
„Да се грижеа елитите за македонските интереси, денес на листата на Топ 100 најголеми компании и извозници повеќе од половината ќе беа домашни“…
„Ако приватизацијата поминеше транспарентно, без обезвреднување на капиталот и политички одлуки сега загубарите ќе беа успешни компании, Окта немаше да биде монопол, текстилните комбинати немаше да пропаѓаат, а индустриското производство ќе го билдаа Санос, Емо, Охис“…
И така натаму, и така натаму…
Изгубено драгоцено време
Девет години подоцна од тој наш „фатаморганичен“ број речиси нема проект што е завршен. Единствена област каде што образот е „обелен“, и каде визијата на „Капитал“ дочекала реализација во реалноста е токму полето на надворешната политика, преку решението на спорот со соседна Грција, членството во НАТО и одлуката за почеток на преговори што годинава ја донесе Брисел. Тука сме погодиле.
Но, се изгуби драгоцено време. А тоа што Груевски не го кажа (а требаше да го стори и каже тогаш), дека прашањата се затворени, преговорите почнати и дека сега е време дома да се средиме со помош од ЕУ, се кажува сега, речиси деценија подоцна. Тоа се тие изгубени години.
Поддршката што ние тогаш му ја дававме на Груевски за да води одговорна политика, политика со сон за утре, а не за вчера, тој никогаш не ја разбра.
Не ја разбра ни тогашната опозиција и ние бевме под постојан притисок од власта дека сме предавници, а од опозицијата дека не сме доволно хистерични кон режимот.
Малкумина и денеска разбираат дека патриотизмот во 21 век е процес на одлучна, посветена, постојана работа за подобро. Чест и чесност.
Конзистентна борба за идеали. Не е инстант емоција. А саможртвата денес не значи да запалиш или да се самозапалиш, не е да те снема, туку да те има! Да те има, да учествуваш, да одлучуваш, да си на масата, да создаваш, да се натпреваруваш, да си конкурентен на светската сцена…
Доцниме.
Девет години подоцна допрва почнуваме да го градиме тоа што во нашата розова реалност требаше да биде веќе изградено пред десетина години.
Затоа, во следната деценија има само една обврска – розевите страници на “Капитал” да станат реалност. Ние стоиме цврсто на она што сме го напишале и сите овие проекти и посветеноста кон нивната реализација ќе ги следиме со истата жар и посветеност.
Оти само така се сака земјата. Сите други приказни се навреда за интелигенција без разлика од каде ги слушате.
Оти нема поголема должност на патриотизмот од подобрување на секојдневието и од борбата со криминалот и корупцијата.
Македонското ткиво мора да се залекува, да се обединиме, да покажеме оти не сме ништо помалку од другите народи, оти точно знаеме кои сме и каде одиме. И да не заборавајте дека целиот раздор е само за тие да бидат спокојни во матното.
Пред три години на овие страници пишувавме дека  Македонија нема веќе луксуз на поделби по етничка, верска, политичка или каква било линија – овде одамна единствената поделба е на чесни и на криминалци.
И ако нема обединетост кај првите  никој ни дома ни однадвор нема да има шанса против вторите.
Среќен нека ни е Денот на независноста!

 

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×