Како папата Франциск може да ја обликува иднината на роботиката
Објавено на од во Teхнологија
Ватикан неодамна се здружи со “Мајкрософт” за да понуди меѓународна награда за етика и вештачка интелигенција, по средба меѓу папата Франциск и претседателот на Мајкрософт, Бред Смит.
pafl

Папската Академја за живот

Во ренесансниот раскош на Ватикан, илјадници километри далеку од Силиконската долина, научниците, етичарите и теолозите се собираат за да разговараат за иднината на роботиката.
Идеите одат во срцето на она што значи да се биде човек и може да ги дефинира идните генерации на планетата.
Папската академија за живот беше домаќин на работилницата, Робоетика:: луѓето, машините и здравјето.
Епохални промени
Академијата беше создадена пред 25 години од страна на папата Јован Павле Втори како одговор на брзите промени во биомедицината.
Академијата ги проучува проблемите, вклучувајќи го и напредокот во техниките за уредување на човечкиот геном.
Овие техники разбудија големи контроверзи и тврдења дека биле користени од страна на кинескиот научник He Jiankui, да ги смени гените на две девојки- близначки, за да не можат да се заразат со ХИВ.
На отворањето на состанокот, папата Франциск прочита писмо упатено до човештвото, во кое го нагласува парадоксот на “напредок” и предупредува на развојот на технологијата, без притоа да се размислува колку тоа може да го чини оштеството.
Во писмото, папата ја нагласува потребата за проучување на нови технологии: комуникациски технологии, нанотехнологии, биотехнологии и роботики.
“Има силна потреба за да се разберат овие епохални промени и нови граници со цел да се утврди како да се постават на служба на човечката личност, истовремено почитувајќи го и промовирајќи го внатрешното достоинство на сите”, пишува папата Франциск.
Човечки роботи
prof and robot

Професорот Хироши Ишигуро со неговиот робот – двојник

Суштински спротивно на оваа порака дојде хипотеза од јапонскиот професор Хироши Ишигуро, кој вели дека за 10.000 години повеќе нема да бидеме луѓе од месо и крв.
Познат по своите креации, исклучително човеколики роботи, кои ги произведува во неговата лабораторија во Универзитетот во Осака, вклучувајќи го и роботот кој е копија на него самиот, професор Ишигуро зборува за потребата да ги развие нашите тела, од сегашните нивни градбени материјали на нешто подолготрајно.
“Нашата крајна цел на човечката еволуција е бесмртност со замена на телото и коските со неоргански материјал”, рече тој.
“Прашањето е што ќе се случува ако нешто се случи на планетава, или нешто се случува на Сонцето, така што не можеме да живееме на планетава, треба да живееме во вселената”.
“Во овој случај, што е подобро? Органски материјали или неоргански материјали?”
За архиепископот Винченцо Паглија, претседател на Папската академија за живот, постои јасен одговор.
“Овој сон е страшен сон”, вели тој додавајќи дека е невозможно да се подели телото и душата.
“Телото е тело со душа, а душата е дух со месо”, тврди тој.
“Телото е многу важно за човечките суштества, преку телото што го сакаме, преку телото кое го прифаќаме, преку тоа тело комуницираме еден со друг”, рече тој.
“Од една страна сме свесни дека ова е неверојатен напредок, но од друга страна, сметавме и на ризиците што овој развој може да му ги  донесе на светот. Ризикот е да заборавиме дека сме суштества, а не творци”.
Права на роботите
Создавање на роботи кои можат да прават задачи што луѓето можат да ги направат, дури и интимни задачи како на пример, да се грижат за постари лица или имаат врски, е основен аспект на работата на професорот Ишигуро.
“Имаме сериозен проблем, јапонската популација се намалува на половина од бројот на населението во последниве 50 години”.
Наместо да се потпираат на човечки имигранти или на бебешкиот бум за да го решат падот, професорот Ишигуро укажува на можноста за користење на роботи.
“Ние немаме доволно годишни имиграции, Јапонија е изолирана земја, тоа е остров, нашата култура е сосема поинаква од другите земји”. Не е толку лесно луѓето да преживеат во Јапонија“, рече професор Ишигуро. Тоа е главната причина зошто е неопходно создавањето роботи”.
Европската група за етика во науката и новите технологии (ЕГЕ), минатата година објави извештај во кој ги  нагласува “итните и сложени морални прашања” покренати со напредокот во АИ и роботиката.
Групата ја нагласи потребата за колективен и колаборативен начин на работа за воспоставување на збир на вредности околу кои треба да се организира општеството и улогата на овие нови технологии.
“Барање на Европската комисија беше да се имаат етички мерки за иднината на нашите општества и иднината на работата во време на роботиката и вештачката интелигенција”, рече професорот Кристијан Вупен, претседател на ЕГЕ и професор по етика и теорија на медицина на Универзитетот во Келн.
Фокусот на работата на групата е за тоа како човековите права се аплицираат на роботите, а не на идејата за давање права на нови форми на автономна технологија.
“Ние не сме на мислење дека вештачката интелигенција или роботите треба да имаат свои права”, рече професорот Вупен.
“Правата се однесуваат на луѓето и се однесуваат на фундаменталните права, како што се човековото достоинство и правото на автономија”. Овие права се однесуваат на луѓе, на човечки суштества и тие се однесуваат на Повелбата на ЕУ за фундаменталните права”, објасни тој.
Но, професорот Ишигуро смета дека колку сме поблиски до користење на роботи во нашата куќа и во нашите кругови на пријателство, толку повеќе правата ние природно ќе сакаме да им ги дадеме.
“Откако еден робот ќе биде партнер или пријател за нас, ние ќе сакаме да го заштитиме роботот”, рече тој. „Како што им даваме право на животните, мислам дека ќе им дадеме и вид на право на роботите”.
За професорот Вупен, замаглувањето на линиите помеѓу луѓето и роботите и влегување во односи со нив покренува сложени етички прашања.
“Ако замислите еден ден ќе има робот кој целосно се однесува како човечко суштество, се движи како човечко суштество, има изрази на лицето како човечко суштество, како тогаш ќе одлучите дали овој ентитет има душа или не? Ние ги користиме за наша цел, бидејќи ние сме суштества кои можат да ги постават своите цели, кои можат да изберат средства, кои можат да прават добро или зло, но ние сме слободни човечки суштества”, вели тој.
“Мислам дека не треба да даваме технички артефакти на слободата што ја имаме.”
Етичко партнерство
Ватикан неодамна се здружи со “Мајкрософт” за да понуди меѓународна награда за етика и вештачка интелигенција, по средба меѓу папата Франциск и претседателот на Мајкрософт, Бред Смит.
Наградата е за најдобра докторска дисертација од 2019 година на тема “вештачка интелигенција во служба на човечкиот живот”.
Следната година, агендата за состанокот на Академијата се фокусира на вештачката интелигенција.
“Ја нагласивме важноста на техничките истражувања, ова е навистина добар дар што Бог ни го даде”, вели архиепископот Паглија.
“Но кога стануваме слични на компјутери, веднаш ќе видиме конфликти, опасности, нееднаквости и понекогаш ужасно ропство од другиот”, вели тој.
Професорот Вупен ја нагласи потребата владите да ги решат овие нови етички прашања. “Треба да бидеме побрзи во Европа”, рече тој
“Но, мислам дека владите веќе научија дека овие се клучните аспекти за регулирање и справување, бидејќи тоа само ќе ги обликува нашите општества“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×