Како работеа државните компании во 2016 година?!
Објавено на од во АНАЛИЗА

montaza-javni pretprijatija WEB 915Државните компании со загуба од 35 милиони евра

Државните компании минатата година направиле загуба од 35,4 милиони евра. Дури 31 од вкупно 120 државни фирми, минатата година работеле непрофитабилно, покажаа податоците што ги објави Центарот за граѓански комуникации. Тоа значи дека негативен финансиски резултат во 2016 година искажала секоја четврта државна фирма. Останатите 89 анализирани компании од јавниот сектор, пак, работеле профитабилно и имаат вкупна добивка од 62 милиони евра. Најголем загубар минатата година, со минус во билансот на успех од 11,2 милиони евра е АД Македонски Железници Транспорт, најпрофитабилно е Јавното претпријатие за државни патишта со добивка од 33,6 милиони евра. Најмногу приходи инкасирал АД ЕЛЕМ, односно 226,7 милиони евра, која што истовремено е и најголем трошаџија лани, со расходи од 211 милиони евра. Во сите државни фирми, до крајот на 2016 година биле вработени 27.957 луѓе, што е речиси непроменет број во споредба со 2015 година.

 

Државните компании минатата година направиле загуба од 35,4 милиони евра. Дури 31 од вкупно 120 државни фирми, минатата година работеле непрофитабилно, покажаа податоците што ги објави Центарот за граѓански комуникации. Тоа значи дека негативен финансиски резултат во 2016 година искажала секоја четврта државна фирма.

Останатите 89 анализирани компании од јавниот сектор, пак, работеле профитабилно и имаат вкупна добивка од 62 милиони евра.

Базата на податоци покажува дека компаниите во државна сопственост минатата година инкасирале вкупно 734,2 милиони евра што е за 6,4% помалку отколку во 2015 година. Дури 50 од сите анализирани 120 државни фирми минатата година работеле полошо односно инкасирале помалку приходи отколку во 2015 година.

Во истиот период, пак, анализираните фирми од јавниот сектор потрошиле вкупно 702,7 милиони евра, односно 7,2% помалку на годишно ниво споредено со 2015 година.

Во сите државни фирми, до крајот на 2016 година биле вработени 27.957 луѓе, што е речиси непроменет број во споредба со 2015 година.

Загубари со години

Базата на податоци покажува и дека 18 компании од јавниот сектор, повеќе од две години работат со загуби, што согласно Законот за јавни претпријатија повлекува одговорност од директорите на овие фирми. Во членовите 23 – а и 24 – а од овој Закон, јасно стои дека „ако се утврдат загуби во работењето, директорот е должен истите да ги отстрани во наредните шест месеци. Ако загубата не се покрие во овој период, директорот ќе биде разрешен“.

Најголем загубар меѓу државните компании на ранг листата е АД Македонски Железници Транспорт, со загуба од 11,2 милиони евра, која што е зголемена за 14 пати во споредба со 2015 година. Оваа државна фирма била во загуба и во 2014 година.

Меѓутоа, лошото работење на Македонски Железници Транспорт проследено со штрајк на вработените доведе до смена на генералниот директор во февруари годинава. После две години во директорската фотелја, оставка поднесе Никола Костов, а на негово место, како вршител на должноста директор, Владата го назначи Игор Коруновски.

Тој објаснува дека загубата од минатата година е последица на целосната блокада на железничкиот транспорт поради штрајкот на грчките железници и Солунското пристаниште.

„Во период од 3 – 4 месеци ниеден воз не помина по македонските пруги. Во услови на целосна блокада на товарниот железнички транспорт, кој што е извор на најголем дел од приходите, негативниот финансиски резултат беше неизбежен“, вели Коруновски кој после два месеца директорување, вели дека очекувањата за годинава се пооптимистички.

Тој вели дека како претседател на Управниот одбор на секои три месеци мора да доставува финансиски резултати до Владата, а потоа таа одлучува дали одредена загуба е оправдана и дали некој ќе понесе одговорност за тоа.

Второ на ранг листата е најголемиот загубар од лани, јавното претпријатие за извршување водостопански дејности, ХС Злетовица Пробиштип чиј што биланс на успех покажува минус од 8,5 милиони евра. Директорот на ова јавно претпријатие, Тодорче Николовски, вели дека загубата е всушност фиктивна, бидејќи „произлегува од негативни курсни разлики од кредитот за изградба на браната Злетовица земен во јени“.

„Вредноста на јенот има големи флуктуации и зависно од годината, тоа ни се одразува позитивно или негативно на финансискиот резултат. Не станува збор за лошо работење на јавното претпријатие“, вели Николовски.

Директорот Николовски, вели дека не ги знае на памет финансиските резултати на јавното претпријатие од минатите години, но за одредбите од Законот за јавни претпријатија според кои директорите на загубарите треба да понесат одговорност ако загубите не се отстранат во рок од шест месеци, вели дека „тоа треба да го следат институциите“.

Со загуба од над 8 милиони евра, трето на листата со најголеми загуби е Македонски Железници Инфраструктура, второто претпријатие што произлезе по трансформацијата на Македонски Железници во 2007 година.

И оваа државна компанија веќе три години по ред е во загуба, а директор е Ирфан Асани.

Во останатите претпријатија од јавниот сектор што работат со загуби повеќе од две години, доминираат главно јавни комунални претпријатија

Меѓу најголемите десет загубари според податоците за 2016 година, се вбројуваат и ЈП Стрежево Битола со загуба од 3,7 милиони евра, АД за аеродромски услуги Аеродроми на Македонија со минус од над 2 милиони евра.

Потоа следуваат ЈП за водостопанство Лисиче Велес со загуба од 674 илјади евра, јавното комунално претпријатие Тетово, со минус од 280 илјади евра, ЈП Градски Паркинг со загуба од околу 130 илјади евра, ЈП Куманово гас со загуба од 105 илјади евра и ЈП паркинзи на Општина Центар со негативен финансиски резултат од 95 илјади евра.

Првите пет на оваа табела, заедно направиле 95% од вкупната загуба на сите претпријатија загубари.

montaza-javni WEB 915 tabela 02

 

89 државни фирми имаат профит

По одделни државни претпријатија, најпрофитабилно лани било Јавното претпријатие за државни патишта со добивка од 33,6 милиони евра, која што е зголемена за 277% во споредба со годината претходно.

Второ на листата е АД ЕЛЕМ со профит од 13,7 милиони евра, што е двојно поголема добивка во споредба со 2015 година. Трето на ранг листата е лидерот на оваа табела од минатата година, АД МЕПСО, со добивка од 2,5 милиони евра, но истата е намалена за дури 78% на годишно ниво.

Во првите десет со најголеми добивки се рангирани и Комунална Хигиена со профит од 2,1 милиони евра, потоа АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката со 1,4 милиони евра, Македонска Радиотелевизија со профит од 1,1 милиони евра.

Потоа следува ЈСП со профит од нешто повеќе од еден милион евра, па меѓуопштинското јавно претпријатие за снабдување со вода за пиење, Проаква Струга, со добивка од 787 илјади евра, Македонска радиодифузија со 750 илјади евра и Комуналец Гостивар со добивка од 742 илјади евра.

Контрадикторно е што голем дел од државните фирми што искажаа профит, всушност не платиле даноци кон државата и може да се најдат и на црната листа на Управата за јавни приходи.

Пребарувањето на оваа листа покажа дека има околу 30 државни фирми со вкупен неплатен даночен долг од 17,3 милиони евра.

Меѓу оние со најголеми даночни долгови заклучно со крајот на март годинава, се ЈП Македонија Пат, со неплатени даноци во вредност од 6,9 милиони евра, а сепак прикажа добивка од околу 340 илјади евра; потоа ЈП за комунални дејности Комуналец Гостивар, со даночен долг од 2,7 милиони евра, и од друга страна добивка од околу 740 илјади евра; Македонска Радиотелевизија со даночен долг од речиси 1,5 милиони евра и добивка од над 1 милион евра; јавното комунално претпријатие Стандард Дебар со даночен долг од 1,2 милиони евра и добивка од околу 80 илјади евра; и Македонска Радиодифузија со долг за даноци кон државата од околу 335 илјади евра и истовремено добивка од околу 750 илјади евра.

Експертите проценуваат дека повеќе јавни претпријатија иако на хартија прикажуваат добивки, всушност имаат големи даночни долгови бидејќи станува збор за местење на финансиските извештаи. За тоа сведочеа и некои од актуелните директори на јавните претпријатија.

Според експертите, токму одредбите од Законот со кои се предвидува одговорност за директорите на фирмите загубари, ги тера да искажуваат нереални приходи, да креираат лажни добивки а со тоа и даночен долг кој што потоа немаат пари да го платат.

„Заплашени од таа одредба,јавните претпријатија често пати прикажуваат фиктивни приходи или лажно ги намалуваат расходите. Доаѓаат до финансиски резултат што е позитивен. Но, позитивниот финансиски резултат секогаш бара да се плати данок, пред се данок на добивка, за што се потребни ликвидни средства. Треба да ги имате тие пари за да платите. И, бидејќи добивката не произлегува од вистински успех на работењето, ликвидноста на овие претпријатија е нападната. Односно не може да платат данок и влегуваат во тој магичен круг да искажуваат добивка, а немаат пари да ги платат овие даноци“, вели Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советници.

 

ЕЛЕМ на врвот со најмногу приходи

На врвот на ранг листата на државни претпријатија според големината на приходите што ги оствариле во 2016 година убедливо е АД ЕЛЕМ со приходи од 226,7 милиони евра кои што се намалени за 13,3% во однос на 2015 година.

Второ по големина според приходите, е рангирано ЈП за државни патишта, со инкасирани 103,3 милиони евра, што е за 8,8% повеќе отколку во 2015 година.

На трето место е АД МЕПСО со приходи од 83,9 милини евра, но во споредба со годината претходно, се намалени за 1,4%. На четврто место е ЈП Македонски Шуми, со приходи од 26,6 милиони евра, кои што на годишно ниво бележат намалување за 7,9%, а а по него Водовод и Канализација со приходи од 26,3 милиони евра, кои што се зголемени за 13%.

Во првите десет најголеми државни компании се рангирани и Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), со инкасирани 25 милиони евра, АД Македонска Пошта со приходи од околу 22 милиони евра, Комунална Хигиена со 20,7 милиони евра, Македонски Железници Транспорт со речиси 20 милиони евра и Македонска Радиотелевизија со приходи од 19,3 милиони евра.

Седум од десетте најголеми државни фирми лани имале помали приходи во споредба со 2015 година, додека кај три инкасираната сума е поголема на годишно ниво. Приходите на првите десет државни фирми зафаќаат речиси 80% од вкупната инкасирана сума кај сите 120 претпријатија.

Меѓу најголемите трошаџии, на врвот лани со највисоки расходи е најголемата државна фирма и според приходите, АД ЕЛЕМ. Вкупните трошоци на оваа компанија во 2016 година изнесуваат 211 милиони евра и се намалени за 16,3% на годишно ниво.

По него е рангирано уште едно претпријатие од енергетскиот сектор, АД МЕПСО, со расходи од 81 милиони евра, а трето на табелата е ЈП за државни патишта со потрошени 66,3 милиони евра.

Во првите десет најголеми трошаџии меѓу фирмите од јавниот сектор се и Македонски Железници Транспорт со расходи од 31,2 милиони евра, Македонски Шуми со потрошени 26,5 милиони евра, Водовод и Канализација со 25,7 милиони евра, ЈСП со речиси 24 милиони евра, Македонски Железници Инфраструктура со 22,1 милиони евра, Македонска Пошта со 22 милиони евра и Комунална Хигиена со потрошени 18,2 милиони евра.

montaza-javni WEB 915 tabela 01
Во 38 државни фирми имало повеќе вработени

Вкупниот број на вработени во претпријатијата во државна сопственост во 2016 година, според податоците доставени во Централниот регистар, изнесува 27.957 и е намален за 0,5% на годишно ниво.

Како што може да се види од ранг листата на претпријатија според бројот на вработени, најголем работодавач е АД ЕЛЕМ со вкупно 4.810 вработени, и овој број е зголемен за 6,3% во споредба со 2015 година.

Анализата покажува дека од вкупно 120 компании, 38 го зголемиле бројот на вработени, кај 29 останал непроменет, додека кај 53 има намалување на бројот на работници.

Во првите 10 претпријатија во државна сопственост според бројот на вработени доминираат претпријатија во државна сопственост наспроти локалните претпријатија каде се најдоа само скопските ЈСП, Комунална хигиена и Водовод и Канализација.

Јавноста малку знае како работат државните компании бидејќи најголем дел од нив воопшто не даваат отчет ниту пак објавуваат финансиски извештаи. Нетранспарентноста ја чува комотната атмосфера во државните фирми, нема притисок за нивно реформирање од загубари натрупани со партиски кадри во здрави компании што ќе работат со солидни резултати.

Експертите сметаат дека за успешно функционирање на јавните претпријатија не треба промена на законите, туку политичка волја. Тие велат дека државата треба повеќе да се насочи кон концесии и јавно – приватно партнерство, каде што ќе делегира дел од своите овластувања за вршење дејности од јавен интерес на приватниот сектор.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×