Како работеше македонската индустрија во 2019 година
Објавено на од во Економија
Одличен почеток на годината, со раст од 12%, 7,3% и 7,5% во првите три месеци респективно, но забавување на динамиката и пад во последните два месеци од 2,1% и 5,9%, беше карактеристично лани за индустриското производство во земјава. 
Zelezara-MAKSTIL-PopovskiFilip042Одличен почеток на годината, со раст од 12%, 7,3% и 7,5% во првите три месеци респективно, но забавување на динамиката и пад во последните два месеци од 2,1% и 5,9%, беше карактеристично лани за индустриското производство во земјава. Топлите ноември и декември се веројатно причина за намаленото производство на енергија во однос на истите месеци од 2018, но кај прехранбената, пијалаците, текстилот и другите индустриски гранки треба да почекаме повеќе податоци од тековнава година за да заклучиме кои се точните причини за послабиот финиш: релативно високата основа од претходната година или пак рефлексиите од благото забавување на европските економии, кадешто се најголеми трговски партнери на домашните производители.

 

21 mИндустриското производство во Македонија во 2019 година пораснало за 3,7% во однос на претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од главните категории што го сочинуваат индустриското производство, најголем пораст има кај снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, од 16,6%, следи преработувачката индустрија со 2,4% пораст, додека секторот рударство и вадење камен бележи пад од 1,9% во 2019 година.
Во рамки на преработувачката индустрија, најголем пораст лани бележи производството на хартија, од 13,9%, коешто пак има учество во вкупното индустриско производство од само 0,86%. Следи производството на фармацевтски производи и препарати со 12,3% (2,63% учество во индустријата); производството на моторни возила, приколки и полуприколки со 10,9% пораст (9,82%), хемикалии и хемиски производи со 10,7% (1,49% учество), итн.
Најголем пад пак бележи производството на кожа и слични производи од кожа, од без малку 30%, коешто учествува со 1,06% во вкупното индустриско производство. Од позначајните индустриски гранки пад бележи производството на фабрикувани метални производи, од 21,4%, облека од 7,3%, итн.
Пад во последните два месеци
Карактеристично за минатата година е што во првите четири месеци има силна динамика на порастот на индустриското производство, споредено со истиот месец од претходната година, односно, во јануари цели 12%, февруари 7,3%, март 7,5%, април 5,5%, за потоа да следи забавување на динамиката, односно пораст на производството во мај од само 1,2% и пад во јуни од 2,7%. Летните месеци јули и август носат силно закрепнување, со раст од 9,8% и 6,1% респективно, следи септември со 6,1%, октомври со 4,2%, за потоа, крајот на годината индустријата да го одбележи со пад од 2,1% во ноември и 5,9% во декември, којшто воедно е и најслабиот месец за индустријата минатата година. Во декември најмногу потфрлил секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, со пад од цели 22,1%, што се должи веројатно на невообичаено топлото време за тој период од годината, при што греењето кај граѓаните беше изразено намалено во споредба со истиот месец лани.
Пад во последниот месец од 2019 имало и кај индустриското производство на храна, од 8,9%, кај пијалаците 1,6%, кај тутунските производи 28,7%, кај текстилот 2,1%, кај облеката од 7,9%, итн.
21Порасната продуктивноста во 2019 година
Експертите со коишто комунициравме велат дека со голема веројатност падот на индустриското производство во декември се должи на релативно високата основа од декември 2018 година, но удел можно е и да има извесното забавување на светската економија, коешто почнало да се чувствува преку помалите нарачки за текстилната и останатите индустрии кои што се најголемите извознички.
„Не треба да ги занемаруваме глобалните фактори, кои во 2019 година беа во состојба на благо забавување, што во голема мера беше рефлексија на затегнатите трговски односи помеѓу САД и Кина. Ова неминовно се одразува на нашата индустрија, кај која забележуваме забавување на растот во 2019, а во декември 2019 забележуваме и пад. Дали тој е од еднократна природа, во моментов не можам да оценам, треба да почекаме и да видиме како индустриските показатели ќе се одвиваат во 2020.
20Но, барем еден дел од падот во декември се должи и на релативно високата основа од декември 2018.“, вели универзитетскиот професор д-р Марјан Петрески, којшто е и аналитичар во тинк – тенкот Finance Think.
Според него, она што го набљудуваме во 2019 година кај индустријата е дека вкупното производство пораснало, додека бројот на работници се намалил.
„Продуктивноста е однос од овие две компоненти, така што произлегува дека таа пораснала, што секако е добар знак. Генерално, падот на работниците во индустријата е детерминиран од недостигот на соодветно квалификувана работна сила, што индустријата особено го чувствува. На пример, компаниите кои работат во ТИРЗ -овите се во постојан процес на регрутација на работна сила, дел поради флуктуацијата (за што свое влијание врши и иселувањето), а дел поради потребата од нови работници.“, вели проф. Петрески.
Tabeli industrisko proizvodstvo

Се намалил бројот на работниците во 2019

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари − декември 2019 година, во однос на периодот јануари − декември 2018 година, изнесува 98.4, односно минатата година во македонската индустрија работеле за 1,6% помалку работници во однос на 2018 година, покажува извештајот на Државниот завод за статистика.
Во секторот енергија бројот на работниците е помал за 1,2%, во интермедијарни производи освен енергија падот е 1,5%, кај капиталните производи има раст од 6,5%, кај трајните производи за широка потрошувачка падот е 4,2%, а кај нетрајните производи падот е 4,6%. Рударството и вадењето камен има пад од 1,5% на бројот на работници во 2019 година, додека преработувачката индустрија имала за 2,6% помалку работници.
Најголем пад има кај бројот на работници во производството на кожа, 28%, потоа во производството на облека од 5,6%, производство на пијалаци од 3%, прехранбени производи од 1,3%, текстил од 2,1%, итн.
Пораст на бројот на работници има во секторот вадење руди на метал, од 1,3%, производство на тутунски производи од 3,7%, производство на хартија од 2,1%, фармацевтски производи од 4,4%, производи од гума раст од 8%, а најголем пораст има на бројот на работници во производството на машини и уреди, од 7,4%, кај производството на моторни возила од 7%, и кај останата опрема за транспорт од 12,7%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×