Како се движеле странските инвестиции во 2016
Објавено на од во луѓе и компании

Investicii 910 WEB 01Доаѓале од Европа, си заминувале на Бермуди

Странските директни инвестиции минатата година биле со вкупен нето износ од 358,5 милиони евра, што е најголем износ од 2008 година наваму, кога изнесувале 399 милиони евра. Најмногу инвестиции во 2016-та стигнале од Германија, Холандија и Турција, додека најголем одлив е забележан на егзотичните Бермуди, 67,3 милиони евра. За 10 години најмногу нето инвестиции дошле од Холандија, 439 милиони евра, а најмногу дивиденди се одлеале кон Франција, 147 милиони евра.

 

Со 33,6 милиони евра нето одлив на странски инвестиции ја започнала годинава Македонија, покажуваат податоците на Народната банка на Р. Македонија (НБРМ). Толкав е износот кога на сумата на вложен сопственички капитал (37,9 милиони евра) ќе се додаде вложувањето на директниот инвеститор во компанијата во која што всушност инвестира во земјава (6,15 милиони евра), ќе се одземе повратното вложување, односно одлевање на профитот (78,2 милиони евра) и ќе се додаде вложувањето помеѓу хоризонтално поврзани компании (0,57 милиони евра).

Вкупно 358,5 милиони евра директни инвестиции регистрирала НБРМ  во 2016 година во Македонија, од кои што 319,9 милиони се вложен сопственички капитал и реинвестирање на добивката, односно 136,8 милиони евра се вложувања на директниот инвеститор во компанијата во којашто се инвестира, 118,44 милиони евра се повратни вложувања и 20,13 милиони евра се вложувања помеѓу хоризонтално поврзани компании.

Вкупните директни инвестиции во земјава лани се поголеми за 65% во однос на 2015-та, кога изнесувале 216,7 милиони евра. Оваа сума е всушност најголема од 2008 година наваму, кога изнесувала безмалку 400 милион евра.


Бројки:

65%

се поголеми СДИ во 2016 во однос на 2015

39,8

милиони евра се инвестициите од Германија во 2016, најмногу, гледано по земји

67,3

милиони евра се дивиденди одлеани кон Бермуди во 2016, најмногу, гледано по земји

2,7

милијарди евра се СДИ за изминативе 10 години

438,7

милиони евра нето се дојдени од Холандија последниве 10 години, најмногу, гледано по земји

146,6

милиони евра нето се одлеани кон Франција последниве 10 години, најмногу, гледано по земји
Investicii 910 WEB grafik 01
 Најголем прилив на инвестиции  во текстил, најголем одлив во трговија

Гледано по земји, најмногу нето инвестиции лани стигнале од фирми регистрирани во Германија, или безмалку 40 милиони евра, следи Холандија со 28 милиони евра, Турција со 25 милиони евра, Бугарија  со 16 милиони евра, В. Британија со 15,9 милиони, итн.

Најмногу пак нето одлив на инвестиции забележани се во Бермуди, 67,3 милиони евра. Бермуди е земјата пак, од каде што година претходно, во 2015-та, стигнале најголем износ на инвестиции, од 181 милион евра. Минатата година статистиката на НБРМ не бележи друг поголем одлив на инвестиции, односно дивиденда кон матичните компании во странство, за разлика од 2015-та, кога најголем одлив беше забележан во Франција, 157 милиони евра, во В.Британија се одлеаја 37,6 милиони евра, во Луксембург 21,7 милиони евра и во малата егзотична островска земја Сент Винсент и Гренадин 20,1 милион евра. Не се знае точно кои се компаниите што ги вадеа  профитите надвор од Македонија во 2015-та, но гледано по сектори од економијата, најголем дел, или 103,7 милиони евра беа одлеани од рударски компании, 33 милиони евра од финансиски сектор, 25 милиони евра од компании што произведуваат моторни возила и приколки.

За минатата година пак, гледано по дејности, најмногу инвестиции се забележуваат во производството на текстил, 52,15 милиони евра,  во производството на моторни возила, приколки и полуприколки влезени се 35,5 милиони евра, во градежништвото речиси 20 милиони евра, во производството на електрична енергија 16,5 милиони евра, во финансии и осигурување 17,8 милиони евра, итн. Најголемиот нето одлив пак, или точно 62,4 милиони евра, се забележани во дејноста трговија на големо, со исклучок на моторни возила.

Investicii 910 WEB grafik 02
Холандија најголемиот инвеститор последниве 10 години

Извлекувањето на дивидендите од страна на странските инвеститори е очекувано, односно нормална економска логика е да се распредели профитот кај сопствениците на компаниите, велат финансиските експерти што ги консултиравме. За нас како држава ќе биде добро ако дел од профитите сепак се реинвестираат за да може бизнисите да растат и да отвораат нови работни места, но сигурно не може да очекуваме дека се што ќе заработат, тие ќе го реинвестираат, велат нашите соговорници.

Инаку, 2014 година беше рекордна по одлив на дивиденди бидејќи токму тогаш властите направија измени во оданочувањето на добивката, односно го укинаа ослободувањето од данок на добивка кога компанијата одлучуваше да ја задржи добивката на сметка, без да ја реинвестира. Така, во 2014 година странските компании ги распределија дивидендите од сите претходни години кога го задржувале профитот за да не плаќаат данок на добивка. Сега  компаниите не плаќаат данок на добивка само во случај кога целиот профит го реинвестираат.

Ако одиме пак малку поназад со анализата на странските директни инвестиции, се гледа дека Холандија е најголемиот инвеститор изминативе 10 години, со вкупно 438,7 милиони евра, пред Словенија со 349,6, Австрија со 335, Турција со 212,6 милиони, Германија со 208 милиони евра, итн. Најмногу дивиденди се одлеале кон Франција, 147 милиони евра, додека на второ место е Унгарија со 22,7 милиони евра нето одлив на инвестиции од 2007 до 2016 година.

Investicii 910 WEB grafik 03

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×