Како според Тесла може да станете попродуктивни?
Објавено на од во lifestyle

Славниот научник Никола Тесла, познат по бројни проекти и визии, имал одредени стратегии преку кои успевал да го оствари она што си го замислувал.

Научникот, за животот открива некои навики, кои му помогнале да биде многу продуктивен. Еве дел од нив:

  1. Размислете добро пред нешто да направите.

Тесла имал развиена способност за визуелно размислување. Тој тврдел дека може во целост да ги замисли сите проекти и уреди, уште пред да ги направи. Иако сите не поседуваат таква способност, тоа можете да го постигнете со концентрирање на само еден проблем.

„Мојот метод е различен. Не брзам со конкретна работа. Кога ќе добијам идеја, одма се впуштам во нејзина изработка, ама во мојата глава“, вели Тесла во својата автобиографија.

  1. Прошетајте

Тесла сакал да шета со цел да ја поттикне креативноста. Се верува дека неговите прошетки биле многу опсесивно- компулсивни, но тоа не значи дека немале и свои предности.

Постои анегдота според која идејата за наизменична струја му дошла на Тесла баш додека се шетал по Будимпешта.

  1. Решавајте ги проблемите сами

Славниот научник смета дека проблемот најдобро се решава преку тоа што ќе се повлечете и ќе бидете сами.

„Мозокот поостро работи и се концентрира кога сте во непрекината самотија. За размислување не е потребна голема лабораторија“, тврди тој.

Според него, мозокот на луѓето е најкреативен кога не му сметаат надворешните влијанија.

Сепак, не може секој да биде Тесла.

TeslaСекако, доколку пробате и не успеете при примена на овие три совети кои ги дава Тесла, не треба да очајувате, ниту пак да се загрижувате, оти единственоста на Тесла, според самата наука, се огледува и преку неговиот животен стил.

Би требало да имате на ум дека, покрај своето големо знаење и вонсериска интелигенција, Тесла бил и екцентричен самотник, на кој, секако во комбинација со интелектот, не му било тешко да применува различни „методи“.

Тој спиел само по неколку часа дневно, имал посебни ритуали во однос на хранење, купување… Имал неколку пријатели. Спрема луѓето, како што тврдат многумина, бил многу непријатен или подобро речено „премногу директен“.

Тој никогаш не се оженил, а во неговиот живот се споменува само една женска личност, оти поубавиот пол не го интересирал, како и ништо друго освен науката и хранење на гулабите, и тоа пред крајот на неговиот живот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×