Како Стив Џобс ги промени правилата за брендирање
Објавено на од во hi-tech & business

Пред Стив Џобс да го креира Apple по втор пат во 1997, работите беа многу поедноставни. Сериозните бизнис клиенти беа поразлични од забавните клиенти. Мажите купуваа продукти на технологијата, жените купуваа модни дизајни. Децата немаа доволно средства за да ги трошат, а постарите жители многу внимателно ги инвестираа своите денари. Разни ветувања беа прави во убавите реклами, цената беше она што најмногу беше важно при продажба, а употребата и задоволството на клиентите беше нешто што се сметаше на крај.

Но, разлика направи iMac.

Steve Jobs

Тоа е исто така она што Apple го прави тежок да се разбере. Најмногу од анализите на брендираниот успех на компаниите погрешно беа сфатени. Тие само ги истакнуваа специфичните квалитети: Рекламите беа одлични, дизајнот на продуктот триумфираше пред конкуренцијата; пакувањата беа повеќе од убави; Џобс го гледаа како магионичар, способен да го размрда секторот на секој друг.

Apple ги смени правилата на брендирањето зошто Џобс едноставно не работеше по нив. Тој не ги следеше правилата, и никогаш не правеше она што се очекува од него да го прави. Тој знаеше дека нечиј друг успех нема да биде негов, не поради неговото его, туку поради тоа што со имитирање на другите никогаш нема да се постигне голем успех. Тој остави на конкуренцијата на Apple да произведуваат досадни, лоши компјутери кои само правеа Apple  да изгледа подобро и создадоа свет на смарфони и таблети кои изгледаат слично на iPhones и iPads. Да, тој беше претприема како и секој друг. Но, со создавање на нова реалност, тој го уништи брендирањето какво што некогаш го познававме.

Со тоа, Apple се фокусираше добро да направи една работа: Тоа е бизнис со визија, со понекогаш мономаниакален пристап до операциите, и продукт и сервис кој беше конзистентен со својата цел.

apple_productsГледиштето на Џобс беше дека никогаш нема да можете емоционално или значајно да се поврзете со вашите клиенти само преку одличен маркетинг. Она што ќе донесе одличен бренд е стратегија,  добар технолошки или психолошки пристап. Брендот треба да бидат зборовите и емоциите кои луѓето ги користат за да го опишат. Џобс најмногу се фокусира на кочијата, но дури и денес, многу од бизнисмените прават забуна со коњот кој ја влече кочијата.

Лошата вест е дека не можете да ги копирате чекорите на Apple. Но, сепак, вие можете да ја копирате основната стратегија, без разлика на тоа дали сте старт ап или бренд кој вреди повеќе милијарди. Правете ги работите подобро, или уште поважно, уникатно. Грижете се за деталите на вашиот бизнис многу повеќе отколку што тоа го прави вашата конкуренција. Откријте нови начини како да комуницирате со вашите клиенти.

Враќајте се наназад со цел да видите што сте можеле да направите подобро, и заменете го со нешто друго она што не можете да го поправите. Потоа само повторувајте.

Запомнете, Apple го промени брендирањето какво ние го знаевме.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×