Како успешни бизнисмени се справуваат со стрес?
Објавено на од во lifestyle

Не постои човек на планетата што од време на време не се чувствувал под стрес. Всушност, едно истражување покажува дека 47% од луѓето чуствуваат одредена форма на стрес секој ден.

Но најуспешните луѓе наоѓаат начин како да се справат со истиот и да останат со ладна глава, смирени и успешни на работа.

Текстот подолу, ги истакнува лекциите што ги научиле познатите извршни директори во светот како Илон Маск и Бил Гејтс низ годините.

bill gatesБил Гејтс, ко-основач и поранешен извршен директор во Мајкрософт

Направи го едноставно

„Можноста да ги оладиш работите, и само да работиш на она што навистина е значајно, да размислуваш од почеток… Тоа е специјалната формула на еден генијалец“.

Тоа значи дека кога притисокот ќе почне да расте, намалија возбудата околу тоа и рефокусирај  се на работите кои треба да ги завршиш. Држејќи ги работите едноставни ќе ви помогне да се сконцентрирате на работата и да чувствувате дека лесно менаџирате со стресот.

Steve JobsСтив Џобс, ко – основач и претседател на Епл

Медитирајте

„Ако само седете и набљудувате, ќе видете како неуморна е вашата глава. Ако се трудите да се смирите, ќе направите само полошо, но со време навистина се смирувате … Вашата глава почнува да се смирува, и гледате одлично пространство и широчина за момент. Односно, гледате многу повеќе отколку што сте можеле да видите претходно, кога сте биле под стрес“

Ова значи дека потребно е да ја релаксирате вашата глава. Имајте момент да направите ретроспектива на актуелните потешкотии со кои се соочувате и тоа ќе го намали стресот, ја подобрува јасноста и ви ја поттикнува креативноста.

Richard-BransonРичард Брансон, Вирџин Груп

Приоритети

„Ако го изгубам целото царство Вирџин утре, тогаш ќе одам и ќе живеам на пример на Бали. Но, ако имам проблем со моето семејство, или здравје …  е тоа е веќе проблем“.

Запомнете што е важно. Застанете и размислите кои проблеми се навистина стресни, имајќи ги предвид важните работи во животот: здравјето и фамилијата. Кога ќе го сфатите ова помалку ќе се нервирате на работа.

jeff_bezosЏеф Безос, основач и извршен директор на Амазон

Преземајте акции

„Стресот најчесто доаѓа кога не преземате акција околу нешто на кое имате до некаде контрола … Штом ќе го идентификувате, и го направите првиот телефонски повик или го пратете првиот и-мејл, драматично го намалува стресот што може да дојде од тоа“.

Идентификувајте го проблемот, преземете контрола и дејствувате. Со тоа што ќе го препознаете, а потоа го остранете стресот или стресната ситуација, ќе се чувствувате дека имате контрола на се и работите со мирна глава.

elon_muskИлон Маск, ко-основач на ПејПал, извршен директор на Тесла Моторс

„Луѓето треба да го игнорираат стравот ако тој е нерационален. Но дури и да е рационален, сепак е важно да продолжите понатаму“.

Место да дозволите стресот да влијае на вашиот прогрес, игнорирајте го и продолжете понатаму. Со самото тоа што ќе продолжите и нема да се грижите, ќе се ослободите од стресот, и нема да го чувствувате теретот врз вашиот грб.

 

susan-wojcickiСузан Војцицки, извршен директор на ЈуТјуб

Создадете баланс

„Многу е важно да се одморите, и понекогаш додека одморите добивате многу повеќе видици како да се справите со проблемите“.

Ако постојано работите тоа ќе доведе до ефект на согорување и ќе ја поткопа вашата продуктивност. Со тоа што ќе земете одмор и направете пауза од работа ќе направите баланс меѓу работата и личниот живот ќе се чувствувате освежени и полни со енергија.

DorseyJackЏек Дорси, ко- оновач на Твитер

Планирајте однапред

„Стресот најчесто доаѓа од работи кои не сте ги очекувале дека ќе дојдат … Колку повеќе поставете темпо околу она што го правите и колку повеќе ритуали и постојаност создавате во вашите дневни обврски, толку помалку стрес ќе имате“.

Создадете си ритам- планирајте однпред и работите според структуриран распоред. Зголемувањето на постојаноста во вашата рутина ќе го поттикне фокусот и ќе ја зголеми вашето разбирање на сликата во целост.

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×