Како успешните директори го користат своето време?
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

CEO time 1Една неодамнешна длабинска 12 годишна студија од Универзитетот Харвард покажува како извршните директори управуваат со најважниот ресурс – времето.Mожеби вие не управувате со компанија од неколку милијарди долари, но сите бизнис лидери треба да разберат дека начинот на кој го трошат своето време влијае врз нивната способност да управуваат.
Додека извршните директори се екстремно фокусирани додека се на работа, најголем дел од нив ставаат акцент на максимизирање на квантитетот и квалитетот на времето поминато надвор од работата, што вклучува ментално и физичко здравје.
Она што е интересно е дека извршните директори биле екстремно дисциплинирани во одржувањето на нивната рутина, давајќи им приоритет на овие активности кои не се поврзани со работата за поурамнотежен живот.

 

Покрај предизвиците за наоѓање на инспирација и развивање на стратегијата на компанијата, претприемачите имаат важна одговорност за водењето и негувањето на бизнисот секој еден ден. Секој претприемач порано или подоцна сфаќа дека времето е највредниот и најограничен ресурс што го има и ефикасното управување со времето може да ја направи разликата помеѓу успехот и неуспехот.

Неодамна објавената студија на Нитин Нориа и Мајкл Портер од Харвард бизнис школата покажува како извршните директори на големите компании го трошат своето време. Резултатот од оваа 12-годишна студија е валидација за претприемачите кои секојдневно се борат со времето, но исто така претставува еден длабок увид во главите на успешните бизнис лидери.
Во студијата се вклучени податоци од 25 извршни директори, меѓу кои и две жени, на компании кои се јавно котирани со просечен годишен приход од 13 милијарди долари. Истражувањето ги следело активностите на овие извршни директори секој ден, 24 часа дневно, со детали до 15-минутни интервали. Од тие причинирезултатите кои се добиени се прилично детални и поткрепени.
Mожеби вие не управувате со компанија од неколку милијарди долари, но сите бизнис лидери треба да разберат дека начинот на кој го трошат своето време влијае врз нивната способност да управуваат. Поминете премалку време со своите вработени и вашиот тим ќе ве види како незаинтересиран и нечувствителен, но ако поминувате премногу време со нив и може да гледаат на вас како на микроменаџер кој ја задушува креативноста и мотивацијата.

На крајот, разбирањето на улогата на основачите и извршни директори и како тие го распределуваат своето време во бизнисот е од клучно значење за разбирање како компаниите ги поттикнуваат големите лидери да растат.

Како што истакнуваат Портер и Нориа, “распоредот на секој лидер … е манифестација за тоа како еден лидер раководи и тоа испраќа моќни пораки до остатокот од организацијата”.

Еве некои од најинтересните резултати од студијата:

  • извршните директори работат во просек 9,7 часа во работен ден;
  • вкупно, извршните директори работат во просек по околу 62,5 часа неделно;
  • извршните директори водат бизнис во 79%од деновите за викенд и 70% од деновите за одмор;
  • повеќе од половина или 53% од работата на извршните директор се извршени надвор од седиштето на компанијата, посетувајќи подружници на компанијата, средби со надворешни лица, патување и дома.

Во принцип, времето на извршниот директор, исто како и на новиот претприемач, е потребно низ целата организација. Покрај тоа, извршните директори се исто толку подложни на “проклетството на претприемачот”, или неможноста да го “исклучат” бизнисот. Ова не треба да биде изненадување, но тоа треба да послужи како предупредување до секој кој верува дека водењето на една компанија е исто како и одговорностите од било која редовна работа со полно работно време.

Состаноците исто така “трошат” голем дел од времето на извршнитe директорi. Во просек, извршните директори кои биле вклучени во студијата направиле во просек 37 состаноци секоја недела и потрошиле 72% од целокупното нивно работно време на состаноци. Траењето и квалитетот на состаноците варирале, но времето поминато состаноци не се менува.
Во принцип:

  • 61% од времето на извршните директори на работа било посветено на лице во лице состаноци;
  • 15% било посветено на телефонски разговори или читање и одговарање на пишана кореспонденција; и
  • останатите 24% од времето биле потрошени за електронски комуникации.

Меѓутоа, студијата не се однесува само за работата, туку опфаќа и начинот на кој извршните директори ги поминуваат околу шест часови надвор од работа. За време на ова време:

  • околу три часа, или половина од часовите надвор од работното време, ги трошеле со семејства;
  • околу 2,1 часа дневно во просек им биле посветени на индивидуалните активности, медиуми или на некое хоби;
  • извршните директори спијат во просек 6,9 часа во текот на ноќта
  • за физички активности повеќето извршни директори трошеле 9% од неработните часови или приближно 45 минути на ден.

Додека извршните директори се екстремно фокусирани додека се на работа, најголем дел од нив ставаат акцент на максимизирање на квантитетот и квалитетот на времето поминато надвор од работата, што вклучува ментално и физичко здравје.
Она што е интересно е дека извршните директори биле екстремно дисциплинирани во одржувањето на нивната рутина, давајќи им приоритет на овие активности кои не се поврзани со работата за поурамнотежен живот.

Заклучокот од оваа студија е многу едноставен: извршни директори, како и претприемачите, не можат да направат сé, и начинот на кој тие ефикасно управуваат и го распределуваат своето време е важен не само за здравјето на компанијата, туку и за нивно добро.

Значи, ако се борите да управувате со вашето време или да разберете како треба да го потрошите, погледнете ги овие резултати како водич кој може да ви помогне подобро да разберете што прават успешните извршни директори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×