Како вработува Facebook: Шефицата на “кадрово“ објаснува што ве чека на интервјуата
Објавено на од во hi-tech & business

Facebook има 13.000 вработени на 64 локации низ светов – најблиската до Скопје е во Милано. Дознајте како се влегува во еден од најпосакуваните работодавци на планетава. 

 

Facebook е една од најпосакуваните работодавци во светот според многу анкети и истражувања, има 13.000 вработени во 64 претставништва низ светот (најблиската канцеларија до Македонија е онаа во Милано, Италија, н.з.) и планира да расте и понатаму. Но, да се вработите во Facebook не е баш лесно, вели Business insider. Порталот разговарал со одговорната за вработување во Facebook, Миранда Калиновски, која вели дека компанијата бара талентирани кадри кои што ќе бидат посветени на нејзината мисија  – “да им дадат на луѓето моќ да споделуваат и да го направат светот поотворен и поповрзан“.

Шефицата на HR одделот на Facebook објаснува дека кандидатите за работи обично поминуваат 4 -5 интервјуа со кои што ќе се утврди дали одговараат на потребите на компанијата.

miranda kalinowski

Миранда Калиновски, шеф на глобалниот HR оддел на Facebook

 

„Луѓето што сакаме да ги вработиме мора да се пред се’ страствени во врска со Facebook и неговиот развој, исто како и нашиот шеф Марк Закерберг“

 

 

 

Првиот круг е телефонско интервју со некој од менаџерите за регрутирање кадри, кој што ќе даде првична оцена за професионалното искуство на кандидатот и неговата страст за работа токму во Facebook.

Ако ова интервју помине добро, кандидатот ќе има “техничко“ телефонско интервју со некој што веќе работи на позицијата за која што тој аплицира. На пример, инженер ќе биде интервјуиран од колега инженер, наместо од HR менаџер кој што обично нема поим од програмирање.

Се разбира, сите овие спроведувачи на овој тип интервјуа поминуваат интензивна обука за да знаат што да бараат кај кандидатите за работа.

Третото интервју се одвива во простории на компанијата и вклучува тура низ самата компанија заедно со демонстрација на тоа како работи уредот за виртуелна реалност Oculus, за да му помогнат на кандидатот малку да се опушти и да биде поотворен во разговорот.

“Тоа е како двонасочна улица. Кандидатите да дознаат нешто повеќе за нас, а и ние за нив“, вели Калиновски.

Преостанатите интервјуа ги прават менаџери од одделите каде што се наоѓа позицијата за која аплицира кандидатот. На пример, инженер – програмер може да биде проверен за тоа колку бргу и точно ќе напише програмски код како одговор на некоја зададена ситуација.

Сите кандидати се подложни на хипотетички прашања за да се тестираат како реагираат во однос на работната позиција, како и со логички прашања за да се провери како размислуваат.

Најомиленото прашање на интервјуата за вработување

Најомиленото прашање за интервју на Калиновски, кое што исто така е популарно и кај други регрутирачи во Facebook е: “На најубавиот ваш работен ден досега – денот кога сте дошле дома и сте си помислиле дека ја имате најдобрата работа во светот – што направивте?“.

mark-zuckerberg

Марк Закерберг, основач и CEO на Facebook

 

 

„Се’ уште имаме уште 5 милијарди луѓе да поврземе, па никој од нас не треба да спие на ловориките“

 

Оние што интервјуираат се обучени да ценат одговор што укажува на тоа дека кандидатот ќе биде лично  мотивиран да ја надгради својата личност и несебично да се вложи во компанијата, со оглед дека високото ниво на талент е веќе ионака предуслов во технолошката индустрија.

Кандидатите што биваат вработени во Facebook се оние што покажуваат дека се исто толку возбудени околу компанијата, колку што и шефот Марк Закерберг, вели Калиновски.

“Секој што комуницира со Марк знае за неговата изјава дека се’ уште имаме уште 5 милијарди луѓе да поврземе, па никој од нас не треба да спие на ловориките“.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×