Какви правила важат за референдумите: Хрватска влезе во ЕУ со референдум на кој имаше излезност од 43,5%
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

croatia220112Магазинот Капитал работи на истражување за законските рамки за организирање и спроведување на референдуми во повеќе земји.
Еден краток заклучок би бил дека многу земји се соочуваат со се помала излезност на избори, а посебно на референдуми од различни причини. За да се најде начин да се спречи можноста волјата на гласачите да биде блокирана од поставените цензуси на избор да излезат 50% + 1 од гласачите со право на глас, односно да спречи можноста оние кои не се заинтересирани, да го оневозможат одлучувањето на оние кои се заинтересирани да одлучуваат за одредено прашање, многу земји пристапуваат кон промена на законите кои ги регулираат референдумите.

Само еден пример, Хрватска уште во 2010 година го смени уставот и законските одредби за референдум, според кои на референдум одлучуваат мнозинството на гласачи кои пристапиле да гласаат на референдумот. Ова правило во Хрватска важи и за референдуми за здружување на државата со други држава или сојузи. Па така на референдумот на Хрватска за влез во ЕУ, кој се одржа во јануари 2012 година излезноста на гласачите била 43,54%, а од нив 66,27% биле “ЗА”, додека 33,13% биле против.
Има различни примери како земјите ги регулираат законските рамки за референдуми, било да се локални или државни. Во некои за референдумот да виде задолжителен и обврзувачки мора да излезат над 50%, во други е пропишан цензус од 40% само ако се работи за уставни промени.
Повеќе за примерите како се организираат референдуми во други земји ќе читате во магазинот Капитал.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×