Каматите и на кредитите и на депозитите бележат пад
Објавено на од во Економија
Каматните стапки на кредитите во банките и штедилниците и во август бележат намалување. Кај депозитите каматните стапки не забележуваат промена на месечно ниво, но има пад од 0,04 процентни поени на годишно ниво.
nbrm-nationalbank-republik-mazedonienПодатоците објавени од Народната банка покажуваат дека просечната каматна стапка кај кредитите е сведена на ниво од 5,13 отсто, што претставува намалување на месечно ниво од 0,02, а на годишно од 0,36 процентни поени, просечната каматна стапка на депозити се задржа на нивото од 1,38 отсто како и претходниот месец.
Кај новоодборените кредити проечната каматна стапка забележува намалување од 0,07 процентни поени и изнесува 4,61 отсто, додека на годишна основа има намалување од 0,24 проентни поени.
Намалувањето кај новопримените депозити е 0,17 процентни поени на месечно и 0,44 процентни поени на годишно ниво и изнесува 1,10 отсто.
Кај корпоративниот сектор во август каматата на кредитите изнесува 4,38 отсто и бележи пад  од 0,04 процентни поени. На новоодобрените кредитите во август каматата била 4,22 отсто.
Каматните стапки кај депозитите на корпоративниот сектор забележуваат намалување од 0,03 отсто и изнесува 1,58 отсто.
Каматите на кредитите на домаќинствата во август изнесувале 5,84 отсто и бележи пад од 0,02 процентни поени. На новоодбрените кредитите на домаќинствата каматата е намалена за 0,05 отсто и изнесува 5,22 отсто.
Просечната камата на депозитите на домаќинствата нема месечна промена и изнесува 1,35 отсто. На годишно ниво забележан е пад од 0,05 процентни поени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×