Камерон: Британија нема да прифати заеднички ЕУ систем за азил
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска во Брисел дека Велика Британија апсолутно се исклучува од можниот заеднички азил систем на Европската унија, и оти нема изгледи официјален Лондон да се придружи на зедничкиот азил процес во Европа.

„Апсолутно се исклучуваме од овие работи. Нема изгледи дека Британија ќе се придружи на заедничкиот азил процес во Европа. Ќе имаме наш сопствен пристап до прашањата за азил, начин на постапување и на чување на нашите граници“, изјави Камерон стигнувајќи на Самитот на ЕУ и на Турција.

Според актуелниот азил систем на ЕУ, познат како Даблински прописи, поединечните држави членки на Унијата мораат да ги регистрираат и обработуваат барањата за азил на национална основа, а за тоа е одговорна првата земја од ЕУ во која бегалецот ќе влезе.

Евентуалниот иден систем би можелo да подразбира ЕУ централно да ги надгледува барањата за азил, за да спречи целиот товар на овие барања да паѓа на Грција и на Италија, како на први европски „станици“ за бегалците.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×