Канадската Aurora Cannabis ја купи MedReleaf во најголемата зделка на пазарот на марихуана
Објавено на од во Економија

Marihuana 1
Канадскиот производител на медицинска марихуана Aurora Cannabis го купи конкурентот MedReleaf во зделка вредна 2,5 милијарди долари, што е најголемата досега зделка на легалниот пазар на марихуана.

Aurora Cannabis ќе поседува 61% од новата компанија, а останатите 39% ќе бидат во сопственост на акционерите на MedReleaf.
Ова спојување ќе и даде можност на новата компанија да го зголеми производството на марихуана за медицински цели, во момент кога се повеќе земји го легализираат овој сегмент. Aurora Cannabis очекува со оваа зделка да го зголеми производниот капацитет до 570 илјади килограми марихуана годишно.
Aurora Cannabis платила 29,44 канадски долари за една акција на MedReleaf, што е 18% на последната цена по која се тргуваа акциите на компаниите минатата недела.

Канадската Aurora Cannabis во последните две години купи над 10 компании од овој бизнис. Акциите на компанијата се зголемија над 3 пати во последната година, а нејзините приходи се зголемени за повеќе од 12 пати.
Марихуаната за медицински цели е легализирана во 21 држава, меѓу кои Германија, Австралија, Колумбија, а во моментот многу држави имаа дебати за легализација на овој бизнис. Во САД марихуаната е легализирана во повеќе од половина од сојузните држави, а над две третини од населението го поддржува легализирањето на марихуаната. Канадскиот пазар на марихуана се очекува да достигне вредност од 6,5 милијарди долари до 2020 година, кога се очекува да се купуваат над 800 илјади килограми . За споредба пазарот на алкохол во Канада изнесува 5,5 милијарди долари. Оттука, не е случајно што многу инвеститори се насочуваат во новиот сектор, кој очигледно ветува голем растеж и печалби.
Сега пазарот на медицинска марихуана се проценува 7 милијарди долари, а до 2020 година се очекува да надмина 20 милијарди долари.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×