Канадски остров ги кани Американците да се преселат ако Трамп стане претседател на САД
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Канадска веб-страница препорачува Американците да се преселат на островот Кејп Бретон, ако Доналд Трамп биде избран за претседател на САД. Островот се наоѓа на источното крајбрежје на Канада и е населен со нешто помалку од 100.000 луѓе.

„Всушност, ние ќе го дочекаме со добредојде секого, независно дали ги поддржува демократите, републиканците или Доналд Трамп“, пишува сајтот. Потоа се наведуваат податоци за биодиверзитетот, за климата, за плажите на островот. Се тврди дека Кејп Бретон има најповолни услови за купување живеалишта во Северна Америка и перспективна сцена на технолошки стартапи.

„Тука просечната цена на живеалиште е колку двогодишен доход на едно домаќинство, за разлика од Ванкувер каде се потребни средствата на едно семејство за 8 години“.

Во контекстот интересен е фактот што неколку часа по победата на Трамп на „супер вторникот“, бројот на пребарувања на Google на тема “Како да се преселам во Канада?“, се зголемил над 10 пати во САД, пишува The Telegraph.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×