Канадскиот премиер Џастин Трудо им напиша писмо на македонски основци од училиштетo “Нова”
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Канадскиот премиер Џастин Трудо им напиша писмо на група македонски основци од меѓународното училиште „Нова” во Скопје.
Justin Trudeau announces his plan for the environment. June 29,

Учениците имале дилеми околу едно од најголемите пронаоѓалишта на нафта во светот во провинцијата Алберта кое е меѓу најголемите светски извори на нафтени шкрилци.

Спроведувајќи го своето истражување, за и против експлоатацијата на овие нафтени резерви, тие одлучиле да му испратат писмо и на канадскиот премиер, наведува во соопштение училиштето „Нова”.

– Како професор и премиер на Канада сакам да го слушнам гласот на младината од целиот свет. Го почитувам вашиот став на темата и како и вас така и нашата влада разбира дека заштитата на околината и економскиот раст одат заедно. Поради тоа, најавивме иницијативи како што е данокот за јаглероден диоксид со зацртани насоки што  ќе ни помогне да ги достигнеме нашите цели за емисија на зелени гасови. Дополнително, дел сме од повелбата Г7 со која се внимава да се задржи пластиката во економијата и надвор од водите. Младината како вас не само што е лидер на иднината туку и е лидер и на денешнината. Се надевам дека ќе продолжите да работите напорно во училиште и да ги инспирирате другите да креираат промени, се вели во писмото на премиерот Џастин Трудо.

Професорот Роберт ван дер Ајкер кој го води одделението во „Нова” вели дека учениците му поставиле директни пршања околу заштитата на животната средина на која канадскиот премиер одговорил притоа напоменувајќи дека и тој има работено како учител.

– Во „Нова” го мотивираме критичкото размислување и поставувањето прашања. Навистина беше чест и задоволство што премиерот Трудо ни даде објаснување на тоа која е стратегијата и планот на Канада да го намали негативното влијание од нафтата и катранскиот песок, велат од меѓународното училиште „Нова”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×