Канадскиот премиер ќе плати за користење на владиниот авион за приватни цели
Објавено на од во Политика

Премиерот на Канада, Џастин Трудо ќе ги надомести трошоците што се направени при употреба на владиниот џет за приватни цели, односно за летот до Карипскиот ресорт што тој го направил со своето семејство за време на Божиќните празници.

Според пишувањата во канадските медиуми, Трудо со своето семејство поминал десет дена во Невис, мал остров на Карибите.

Од Кабинетот на премиерот Трудо велат дека тој ќе ги надомести направените трошоци, но дека било неизбежно да лета со владиниот авион поради безбедносни мерки, оти законската легислатива во Канада со години е таква.

„Поради безбедносни причини, што е веќе утврдена владина политика со години, премиерот мора да употребува некој од владините авиони при летање, без разлика дали станува збор за официјална или лична употреба“, се вели во соопштението.

Инаку, според она што го пишуваат тамошните медиуми, и претходниот премиер Стивен Харпер, го употребувал владиниот авион за приватни цели, но и тој, како и Трудо ги надоместувал направените трошоци.

Според канадските закони, при употреба на владиниот авион за приватни цели, канадските официјални лица надоместуваат износ како да летаат во економска класа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×