Капитал банка од денеска во нови простории на плоштад Македонија
Објавено на од во Компании

Централата на Капитал Банка АД Скопје и Експозитурата Деловен Центар Соравиа од денес започнаа со работа на нова локација на плоштад Македонија, на ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Банката оваа година одбележува 20 години постоење на македонскиот финансиски пазар. Своето дводецениско постоење го слави во нови простории од каде и се всушност нејзините почетоци како Интернационална Приватна Банка.

„Идејата за релокација на Централата и експозитурата Центар тргна од потребите на клиентите. Отворен и транспарентен простор кој овозможува непосреден контакт со клиентите, каде секој клиент ќе биде пречекан и опслужен чувствувајќи се пријатно. Избегнувајќи ги стереотипите на традиционалното банкарство им овозможивме на сите постојни и нови клиенти да бидат достојно опслужени. Новата локација нуди комфор како за клиентите така и за вработените. Продолжуваме да го следиме нашиот принцип на работа каде само задоволен вработен носи задоволен клиент“, изјавија од Капитал банка.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×