Капитал ексклузивно во Брисел, на отворањето на новиот логистички центар на DHL Express, еден од петте најголеми во светот
Објавено на од во Компании

Најголемата светска компанија за брза испорака на пратки, DHL Express, отвори нов, огромен логистички центар во Брисел, вреден 140 милиони евра, а Капитал беше на лице место да го проследи настанот. 

Back1 - Copy

DHL Express, најголемата светска компанија за брза испорака на пратки го отвори вчера во Брисел својот нов логистички центар, еден од петте најголеми во светот. Новиот ултра модерен логистички центар е инвестиција вредна преку 140 милиони евра, лоциран во кругот на бриселскиот аеродром  и има капацитет за обработка на 42.000 пратки на час, што е четири пати повеќе во однос на претходниот објект, којшто исто така бил отворен во Брисел пред триесетина години. Од Брисел, пратките може да бидат праќани понатаму во било која земја до Европа, но и директно во Северна и Јужна Америка, Блиски Исток и Африка. Околу 50-60% од сите пратки што пристигнуваат во Брисел, всушност се препраќаат понатаму до крајна дестинација надвор од Белгија.

“Бриселскиот логистички центар е еден од нашите најголеми во светот и заради својата локација во логистичкото срце на Европа, има клучна улога во поврзувањето на компаниите од овој регион со светот. DHL ќе продолжи со своите инвестиции и понатаму, зголемувајќи го нивото на квалитет и задоволството на нашите клиенти, истовремено грижејќи се тој раст да е во согласност со нашите цели за зачувување на животната средина. “ , рече главниот извршен директор на DHL Express, Кен Ален, на прес конференцијата по повод свеченото отворање на новиот објект.

Front2

Новиот логистички центар на DHL Express беше свечено пуштен во употреба во присуство на околу 200 високи гости од белгиските  и европските бизнис и политички кругови – министри од белгиската влада, познати бизнисмени, инаку големи клиенти на DHL, топ менаџментот на самата компанија на чело со главниот извршен директор Кен Ален и др. Капитал имаше ексклузивна можност како единствен медиум од Македонија, на покана од ДХЛ Скопје, да присуствува на овој настан во Брисел, за што поопширна сторија ќе може да прочитате во следниот број на нашето печатено издание.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×